Author Archives: Весник Илинден

Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на ГШ на балканските земји

  Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски учествуваше на единаесетта по ред конференција на Началниците на ГШ на балканските земји, која се одржа денес 10.05.2017 година во Атина, Република Грција. Темите на дискусија на конференцијата беа пред се поврзани со севкупната геополитичка стабилност во југоисточна Европа и облиците на меѓусебната воена соработка во справување со безбедносните предизвици во регионот ...

Read More »

Дик Адвокат нов селектор на репрезентацијата на Холандија

Холандската фудбалска федерација на прес конференцијата што ја одржа во градот Зеист соопшти дека на местото на досегашниот селектор Дени Билд кој на должност стапи во јули 2015 и поради поразот што го доживеа Холандија на квалификациониот натпревар со Бугарија за Светското првенство на ФИФА во 2018 ќе премине Дик Адвокат. На прес конференцијата беше истакнато дека искусниот селектор кој ...

Read More »

Хојт Ји во последен обид за дијалог меѓу власта и опозицијата во Албанија

Високиот американски функционер во Тирана ќе допатува следната недела и се очекува да оствари средби со главните политички лидери, што ќе бидат последни заложби за постигнување договор меѓу власта и опозицијата. Без оглед што Албанија се наоѓа на прагот на парламентарните избори и владејачкото мнозинство веќе ја почна изборната кампања, отфрлувајќи каква било можност за дијалог со опозицијата, САД следната ...

Read More »

Пораст на индустриската побарувачка во Германија

Индустриските порачки во Германија пораснаа во март втор месец по ред, но не и во доволна мера за да се неутрализира остриот пад од почетокот на оваа година. Индустриските порачки во Германија во март пораснале за 1,0 отсто, според податоците на германската федерална статистичка канцеларија. .

Read More »

Мун Жае-ин ја прогласи победата на претседателските избори во Јужна Кореја

  По претседателските избори во Јужна Кореја, според првите неофицијални податоци Мун Жае-ин кој ги помина противниците ја прогласи победата. Имено Мун Жае-ин кој го брани ставот за зближување со Северна Кореја во победоносниот говор рече дека ќе биде претседател на сите граѓани.   Според последните податоци кои беа објавени од страна на Националната изборна комисија, досега се избројани 98 ...

Read More »

Љуљзим Баша: На 18 јуни нема да има избори во Албанија

Лидерот на демократска партија, Љуљзим Баша по средбата со партиската парламентарна група изјави дека во Албанија на 18 јуни нема да има избори за нов состав на Парламентот. Баша додаде дека опозицијата никогаш не донела одлука да не учествува на изборите, но не прифаќа и нема да дозволи да се одржат избори без опозициските партии и најави голем протест на ...

Read More »

Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ке се одржи на 27 мај 2017

  На 27 мај 2017 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште – Полени -Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите ...

Read More »

Македонците во обаста Голо Брдо го одбележаа празникот Ѓурѓовден

Неделава што измина Македонците во обаста Голо Брдо, во Албанија, со голем македонски собир го одбележаа празникот Ѓурѓовден. Македонските песни и ора беа декор на семакедонскиот собир што се одржа во село Стеблево.

Read More »

Во Македонија 50 години карате

  По повод големиот јубилеј 50 година карате спорт во Република Македонија (1967-2017) и 50 година активно бавење со карате на Венцислав Недев 9 дан, Претседател и Основач на МТКФ како и (единствен активен каратист од првата генерација на каратисти во РМ), Македонската Традиционална Карате Федерација ќе одржи 2ра. Свечена Карате Академија и карате семинар со светските карате легенди браќата ...

Read More »

Македонското здружение Аминта организира “Ден на Македонија” во Италија

  Новоформирано Здружение на нашинците кои живеат и работат во градот Виторио Венето и неговата околина во Италија, достоинствено го претставија нематеријалното културно богатство на нашата земја како и гастрономските специјалитети на Македонија. Здружението „Аминта“, а со поддршка на асоцијацијата на граѓански здруженија од градот, која во себе вклучува 47 организации, го организираа „Ден на Македонија“, настан кој имаше хуман карактер. „Секако ...

Read More »