Љуљзим Баша: На 18 јуни нема да има избори во Албанија

Лидерот на демократска партија, Љуљзим Баша по средбата со партиската парламентарна група изјави дека во Албанија на 18 јуни нема да има избори за нов состав на Парламентот. Баша додаде дека опозицијата никогаш не донела одлука да не учествува на изборите, но не прифаќа и нема да дозволи да се одржат избори без опозициските партии и најави голем протест на 13 мај. Од друга страна, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека повеќе нема да ја чека демократската партија и дека на 18 јуни ќе има избори без опозицијата.