Author Archives: Весник Илинден

Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони (ВИДЕО)

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони. -Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и ...

Read More »

Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност за дијалог со демонстрантите во Тирана

Претседателот Бајрам Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност за дијалог со демонстрантите во Тирана и другите градови во земјата. „Албанија е наша заедничка татковина. Таа е дом на сите. Ги следев протестите, барањата, но со жалење – и насилните дејствија во последните два дена. Гласот на секој граѓанин мора да се чуе, особено гласот на младите луѓе, кои ја ...

Read More »

Хрватска и постави осум услови на Црна Гора пред членството во ЕУ

Хрватска испрати документ до земјите-членки на ЕУ во кој го презентира својот став за отворените прашања со Црна Гора, наведувајќи ги условите што Подгорица мора да ги исполни пред да стане членка на европскиот блок, јави РСЕ. Дел од тие барања е директно поврзан од Загреб со затворањето на поглавјата од преговорите 23 (Судство и фундаментални права) и 31 (Надворешна, ...

Read More »

Ескалира протестот во близина на Министерството за образование, демонстрантите запалија банки

Протестот во близина на Министерството за образование ескалираше, откако демонстрантите запалија банки. Според информаците огнот го зафатил вториот кат од објектот, а пламените јазици брзо се прошириле, предизвикувајќи загриженост за безбедноста на околните згради. На снимките од местото на настанот може да се забележи како пожарот добива сè поголеми размери, додека густите пламени се шират низ дел од објектот. Ситуацијата ...

Read More »

Мисајловски: Со закон ќе се овозможи македонски компании да работат во делови на воената индустрија за потребите на Армијата

Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да направиме посебни зони, коишто ќе бидат во делот на нашите капацитети каде што имаме корисничко право и на тој начин да им овозможиме на компании да учествуваат и да обезбедиме средства за компании што сакаат да работат во различни делови на воена индустрија, истакна денеска министерот за одбрана ...

Read More »

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија. Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. ...

Read More »

Албанскиот совет за медиуми го осуди насилството врз новинарите за време на протестот

Албанскиот совет за медиуми најостро го осуди насилството врз новинарите кои известуваа од протестите одржани на 13 октомври, повикувајќи ги надлежните институции да преземат конкретни мерки. Советот го осуди насилството пријавено од АГШ врз новинарите Измир Акулли од „Dosja.al“, Анести Бајрамемај и Хери Симота од „A2 CNN“, Вјоланда Пеца од „Citizens.al“ и Фатиме Халмусај, како и заканите упатени кон новинарот ...

Read More »

„Вкуси ја Македонија во чаша“: Вински фестивал – Македонско село од 16-ти до 18-ти октомври

Со мото „Вкуси ја Македонија во чаша“, од 16 до 18 октомври во комплексот „Македонско село“ ќе се одржува првото издание на „Вински фестивал – Македонско село“, посветен на македонското вино, гастрономијата, музиката и традицијата. Фестивалот е замислен како место каде што ќе се сретнат љубителите на виното, домашните производители и публиката, во амбиент кој природно ја раскажува македонската приказна. ...

Read More »

Протестот продолжува со насилни инциденти и судири со полицијата, оштетени се деловни објекти

Протестот на студентите и граѓаните пред Министерството за образование ескалирал во вечерните часови, при што демонстрантите искршиле прозорци и влегле во просториите на најмалку два деловни објекта на улицата „Драчка“ во Тирана. По судирите со полицијата, демонстрантите со камења и тврди предмети ги нападнале прозорците на една приватна финансиска институција и на продавница за облека, предизвикувајќи материјална штета. Потоа влегле ...

Read More »