Author Archives: Весник Илинден

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе ...

Read More »

Андоновски: Од стагнација кон систем што испорачува резултати за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска одржа прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи на Министерството за дигитална трансформација во изминатите две години. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отчетот не е само приказ на бројки, системи и закони, туку показател за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните. „Кога започнавме, ...

Read More »

Охридскиот регион е богатство за човештвото, порача Николоски на средбата со амбасадори од УНЕСКО

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук информираше дека денеска во Влада имало значајна средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство. Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција бара Пустец да остане посебна општина и да се преименува во Преспа (ВИДЕО)

Под раководство на копретседателите Арбјан Мазнику и Лучиано Бочи, Посебната парламентарна комисија за административно-територијална реформа одржа јавна расправа во Корча, во рамките на процесот на јавни консултации за административно-територијалната реорганизација на Република Албанија. Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски учествувајќи на јавната расправа за албанската административно-територијалната реформа одржана во Корча посочи дека, Општина Пустец мора да остане ...

Read More »

Македонија: Шест нови хируршки сали на Клиничкиот центар ќе стартуваат со работа на 30 јуни

Шесте целосно реновирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје треба да бидат ставени во функција на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Според него, пуштањето во употреба ќе следи откако ќе заврши процесот на верификација на протоколите за работа, кој го спроведуваат странски експерти. „Откако ќе помине верификациската постапка од странските експерти, потребни се уште три до ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски  г.г.Стефан 

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше ...

Read More »

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата „Илинден“ на Љупчо Златев, уредник на Лидер

По повод 17-годишнината од формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, лично му ја врачи Благодарницата “Илинден“ за 2026 година на Љупчо Златев, уредник на Лидер, во просториите на Радио Лидер во Скопје, Македонија. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам Благодарницата ...

Read More »

Бегај: Правото на изразување мора да се остварува во согласност со Уставот и законот

Претседателот Бајрам Бегај првпат реагираше во врска со протестите што повеќе од три недели се  одржуваат во Тирана, нагласувајќи дека правото на граѓаните да се изразуваат и да учествуваат во јавниот живот е вредност заштитена со Уставот, но мора да биде во согласност со него и законите на земјата. Оваа активност се одвива во време кога граѓаните јавно ги изразуваат ...

Read More »

Вечерва почнува Ohrid Wine Festival Vol. 5 на Кеј Македонија

Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27 јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна. Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, ...

Read More »

Македонија постепено ќе го зголемува буџетот за одбрана, вели Мисајловски

Се зборува како Европа целосно да ја преземе иницјативата за военото трошење, односно буџетите во секоја држава. Најголем процент во овој момент имаат земјите околу истчното крило, но многу земји неможат да стигнат до 2%, истакна вечерва во емисијата „Со факти“ на МРТВ македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски. Како ќе биде реализацијата во секоја земја, зависи од односите во ...

Read More »