Државниот архив на Македонија објави редок историски документ од Охридската Архиепископија. Станува збор за писмо, но она што според архивот е најзначајно, е печатот на Охридската Архиепископија од XVI век. Станува збор за исклучително вреден документ, што сега излегува во јавност. Државниот архив чува писмо од охридскиот архиепископ Гаврил, испратено до надвојводата Фердинанд Хабсбуршки на 8 октомври 1587 година. Во ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
МАЕИ: Фрапантно е што и во 2026 година, во Бугарија, се емитуваат емисии кои отворено ги негираат Македонците во Албанија
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со згрозеност и револт реагира на срамната пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Фрапантно е што и во 2026 година, во земја членка на Европската унија, се емитуваат емисии ...
Read More »Ако ми го забраните сонцето на хартија, дали ќе ми го забраните и сонцето што секое утро изгрева над Преспа, Голо Брдо и Гора?
Сонцето не се забранува – припадноста на народот (народноста) не е милостина, туку право. Таа не е подарок што се дава по милост, ниту товар што може да се одземе со административна одлука. Народноста е светлина што се раѓа со човекот и се пренесува низ вековите, како сонцето што секое утро изгрева над Преспа и Голо Брдо и Гора. Таа ...
Read More »Рама се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Премиерот на Албанија, Еди Рама оствари средба со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Најавена е средба меѓу двете делегации, на крајот од која ќе има и изјава за медиумите. Паралелно Линда Рама во друштво на Херцог, сопругата на претседателот на Израел, Исак Херцог, ќе ја посети Националната библиотека. Во 14:00 часот, премиерот Рама заедно со сопругата Линдита ќе пристигне на ...
Read More »Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија (ВИДЕО)
Да не заборавиме дека најголем дел од странските инвестиции, не само во Македонија туку и во цел регион, се од земји-членки на Шенген зоната и ЕУ. Тие најчесто овде произведуваат полу-производи кои после тоа ги извезуваат во сопствените земји за да произведат финален производ, рече Николоски. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ...
Read More »Албанија годинава почнува со производство на воена опрема и муниција (ВИДЕО)
За време на својот говор, министерот за одбрана Пиро Венгу објави дека во моментов се потпишани шест договори за создавање шест заеднички државно-приватни компании, преку државната компанија KAYO и шест приватни оператори, објавија медиумите. Министер за одбрана Пиро Венгу најави дека Албанија годинава ќе започне со производство на муниција, воена опрема, дронови и системи против дронови, возила за итни случаи ...
Read More »На граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минатата година минале 47.023 патници
На граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, минатата година забележан е благ пад на фреквенцијата на патници. Во текот на 2025 година се регистрирани 47.023 патници, од нив на влез во нашата земја се 23 765, додека на излез 23 258 патници. Претходната, 2024 година, на влез ...
Read More »Општина Булкиза троши милиони, Голо Брдо останува без инвестиции
И покрај фактот дека Општина Булкиза има проширена администрација со стотици вработени и десетици менаџери платени над просекот на населението, институцијата продолжува да плаќа значителни износи за услуги за надворешно проектирање. Податоците од постапките за јавни набавки за годините 2024–2026 покажуваат дека општината склучила договори со вкупна вредност од над 22 милиони леки без ДДВ или приближно 230 илјади евра, ...
Read More »Македонија: Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи. Поради најавата ...
Read More »Лошата состојба на патот Леска – Зрновско го загрозува туризмот во општина Пустец (ВИДЕО)
Лошата состојба на патот што ги поврзува селата Леска и Зрновско во областа Преспа сериозно му штети на локалниот туризам. Бројните потоци и временски влијанија уништија неколку сегменти од патот, кој претставува една од најфреквентните сообраќајници за домашни и странски посетители во регионот. Странските туристи посочуваат дека делницата долга 5,5 километри е тешко проодна поради бројните дупки и оштетувања. Жителите ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden