Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 31. Конгрес. Според информациите од СДСМ, на Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, по што ќе следува и обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што медиумите ќе можат целосно да го проследат. Потоа ќе следи работен дел ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Студеното време предизвика повеќе несреќи и затворање на училишта во Германија
Три лица загинаа во два судири предизвикани од голомразица на главен автопат во западна Германија рано утрово, соопшти полицијата, додека студеното време продолжи да влијае врз сообраќајот и училиштата во делови од земјата. Како што јави ДПА, несреќите се случиле на автопатот А44 во близина на градот Падерборн, меѓу клучните клучки Марсберг и Лихтенау, според информациите од полицијата во блискиот ...
Read More »Новинарка Даниела Зиси: Пустец, меѓу уништувањето и заканите од бегалските кампови (ВИДЕО)
Познатата албанска новинарка Даниела Зиси посвети посебна објава на социјалната мрежа Фејсбук за документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, проект реализиран од Центарот Казус, со поддршка на Агенцијата за поддршка на невладиниот сектор. Во својата реакција, Зиси го оценува документарецот како важно сведоштво за Пустец и неговите природни, културни и човечки богатства, нагласувајќи дека оваа ...
Read More »На ГП „Блато“ кај Дебар, минатата година рекордна фреквенција од над 1,42 милиони патници
На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, минатата година регистрирана е рекордна фреквенција на патници, или над 40 отсто повеќе од претходната година. Во текот на минатата година, на влез и излез регистрирани се вкупно 1.426.336 патници, при што 732.259 се регистрирани на влез во нашата земја, додека 694.107 на излез. Во споредба со претходната година ...
Read More »Инвестициите на семејството Трамп во албанскиот туризам
Проектот на Џаред Кушнер и Иванка Трамп за трансформација на островот Сазан во луксузно одморалиште вредно 1,4 милијарди долари претставува спој на геополитичко влијание и економски развој. Со поддршка од албанската влада, оваа инвестиција го позиционира Јадранот како нова дестинација за глобалната елита, но отвора прашања за транспарентноста. Инвестицискиот план на Џаред Кушнер и Иванка Трамп за островот Сазан означува радикална промена во намената на овој ...
Read More »Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир на Трамп
Албанското собрание попладнево со 110 гласови „за“, еден воздржан и без гласови „против“ го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија, претставувана од премиерот Еди Рама, во Одборот за мир, инициран од американскиот претседател Доналд Трамп. Во бурната расправа, покрај другото беше отфрлен амандманот предложен од опозициските пратеници, да се избрише името на Рама со 79 гласови против, 30 за и ...
Read More »Мицкоски со полна агенда во Давос: Лобирање за стратешките енергетски проекти „Бошков мост“ и „Чебрен и Галиште“
Уште еден успешен ден во Давос, одржавме многу билатерални средби со мултинационални компании, кои што навистина многу значат во делот на мизинисот на светот, изјави вечерва премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Денешната панел дискусија во фокус на вештачката интелигенција. Имавме повторно успешен панел, повторно разговоаравме за двете теми кои се и клучни теми на овогодинешниот Самит во Давос, а ...
Read More »Коњановски: Битола подготвена за нови инвестиции во јавните претпријатија
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во обраќање до граѓаните истакна дека јавните претпријатија се соочуваат со предизвици кои влијаат на нивната работа и дека е потребно да се подобри нивната ефикасност и рентабилност. „Темите со јавните претпријатија честопати се предмет на дискусија во јавноста. Секое од нив се бори со своите предизвици, како што беа енергетската криза и зголемувањето на ...
Read More »Македонија: Државните патишта се проодни и безбедни
Фото: Министерство за транспорт Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација ...
Read More »Јанкулоска: СЈО работеше политички, не по закон парадираа како холивудски ѕвезди
Застарел дел од предметот „Талир 1“, поврзан со наводното нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде повторно разгледуван, а судењето ќе почне од почеток по шести пат. Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, оцени дека дел од случајот никогаш не требало да биде предмет на кривично гонење доколку надлежните се воделе според законот и правдата, а не според политички диктати. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden