Author Archives: Весник Илинден

Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот како малцински јазик во земјата

Словенија се уште не го признава хрватскиот јазик како малцински јазик, предупреди комитетот на експерти на Советот на Европа во извештај објавен денеска, и предложи, заедно со германскиот и српскиот, да биде признат како јазик на национално малцинство што традиционално се зборува во државата. Комитетот на експерти за Европската повелба за регионални или малцински јазици на Советот на Европа, исто ...

Read More »

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија во официјална посета на Вселенската патријаршија во Истанбул

Автокефалната православна црква на Албанија објави дека од 13 до 17 јуни 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г Јоан, заедно со црковна делегација, ќе престојува во официјална мирна посета на Вселенската патријаршија во Истанбул. Делегацијата ќе ја сочинуваат Митрополитот на Фиер и Аполонија, Неговото Блаженство Никола, Бератски, Неговото Блаженство Асти, Епископ Крујски, Неговото Блаженство ...

Read More »

Мерц: Можно е повторно воведување на задолжителна воена служба во Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека владата ќе ја преиспита можноста за повторно воведување задолжителна воена служба доколку доброволните програми не успеат да привлечат доволен број војници во Бундесверот. Споделувам став со министерот за одбрана дека Бундесверот има сериозен недостиг од персонал, изјави Мерц на заедничка прес-конференција со холандскиот премиер Дик Схоф во Берлин. Тој нагласи дека доколку доброволното регрутирање ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, во официјална посета на Македонија

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди  престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Габор Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата се ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Денион Мејдани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Денион Мејдани. Во фокусот на разговорот беше значењето на интеграцијата на регионот во Европската унија, при што беше нагласено дека успешно заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за понатамошен развој, стабилност и ...

Read More »

Денес: Промоција на „Траги врз песок“ од Бојан Стефановски

Книга-водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери, и во Македонија. „Одличен водич зауспех за сите амбициозни млади луѓе кои имаат желба, мотивација и волја да остават видливи траги зад себе. Силните пораки во текстот сигурен сум дека ќе создадат нови борци со победнички менталитет!“ порачува Кирил Лазаров.  Објавена е првата македонска нига-водич за успех на менаџери ...

Read More »

Тошковски: Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ во Скопје, граѓаните ќе добиваат брзи и ефикасни услуги какви што заслужуваат

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска заедно со раководството на Министерството го пушти во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ. На настанот на кој присуствуваше и претседателот на Владата проф.д-р Христијан Мицкоски, министерот Панче Тошковски образложи дека Одделението за управни работи е во надлежност на Министерството внатрешни работи ...

Read More »

Меги Фино избрана за претседателка на совет на Општина Тирана, Ендрит Браимлари за потпретседател

Меги Фино е избрана за претседателка на совет на Општина Тирана, заменувајќи ја Ромина Куко на оваа позиција. Во меѓувреме, Ендрит Браимлари ја презеде функцијата потпретседател на совет на Општина Тирана. Ќерката на починатиот социјалистички пратеник Башким Фино, Меги Фино, моментално е заменик-министерка во Министерството за Европа и надворешни работи од јуни 2021 година. Во меѓувреме, Браимлари, поранешна потпретседателк на ...

Read More »

Пратениците Ристески, Битиќи и Демири на 12.Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Тирана

Собраниска делегација во состав: Петар Ристески, Фатмир Битиќи и Илир Демири, членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), учествува на Дванаесеттата Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ, што се одржува од 8 до 10 јуни 2025 година во Тирана, во рамките на Албанското претседателство со ПСЈИЕ. На сесијата учествуваат претставници на ...

Read More »