Author Archives: Весник Илинден

Комитетот за надворешни работи на ЕП го одобри извештајот за Албанија

Комитетот за надворешни работи ја пофали непоколебливата посветеност на Албанија кон членството во ЕУ во извештајот усвоен во среда. Пратениците го истакнуваат широкиот политички консензус на Албанија и силната јавна поддршка за членството во ЕУ, заедно со целосната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, во извештајот усвоен од Комитетот за надворешни работи со 57 гласа „за“, 11 „против“ ...

Read More »

Великомаченик Свети Јован Владимир

Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во Албанија и Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на Албанија и Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета ...

Read More »

Нова книга од доајенот на книжевноста за деца Стојан Тарапуза во „Матица македонска“

„Матица македонска“ објави нова книга од доајенот на македонската книжевност за деца и млади, Стојан Тарапуза. Насловена „Ордени и значки“, новата книга на Тарапуза е издание што треба да го има во секој македонски дом – за повозрасните да ги наврати на јазикот на детството, преку перото на авторот со чиишто дела растеле, а на најмладите да им овозможи да растат ...

Read More »

Украина ги погоди со моќен експлозив темелите на мостот кај Крим (ВИДЕО)

Украина детонираше огромна подводна експлозија насочена кон клучниот патен и железнички мост што го поврзува Кримскиот полуостров, окупиран од Русија, со Русија, оштетувајќи ги неговите подводни столбови. Операцијата, за која презеде одговорност безбедносната служба на Киев (СБУ), е втората високопрофилна операција на Украина во последните неколку дена во која се погодени значајни руски средства по софистицираниот напад со беспилотни летала ...

Read More »

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема” вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем. “ На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во ...

Read More »

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

Со почетокот на туристичката сезона во Албанија отворени се 36 летни здравствени амбуланти, за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области. Во амбулантите, кои веќе се опремени со медицински потрошен материјал, опрема и лекови, ангажирани се 227 лекари и медицински сестри. Истите ќе функционираат 24/7 до крајот на сезоната, односно 30 септември. Споредено со ...

Read More »

Дискриминацијата на Македонците во Бугарија се заснова на вкоренета националистичка идеологија

Европската слободна алијанса (ЕСА) во свој извештај, меѓу другото, заклучува дека положбата на припадниците на македонскиот народ во Република Бугарија не може да се подобри без сериозна надворешна интервенција, особено од страна на европските институции. Според ЕСА, проблемот со македонското малцинство е многу стар, сериозен и се потребни итни мерки. Во извештајот многу јасно се вели дека негирањето и дискриминацијата ...

Read More »

ЕФА: Постоењето на македонското малцинство е „техничка грешка“, поради која Бугарија не ги спроведува одлуките на ЕСЧП

Минатата година, шест македонски организации залудно се обидоа да се регистрираат и добија вкупно најмалку 19 одбивања. Две од нив, кои добија случаи во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), добија по 5 одбивања: Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор и ОМО „Илинден“. Другите четири се: Здружението за заштита на основните индивидуални права, чија регистрација ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала e регистриран во Драч

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала e регистриран во вторник, 3 јуни 2025 година, во 12:14 часот во Албанија. Земјотресот се случил 49 километри јужно од Драч. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 40,91 и географска должина 19,25. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, ...

Read More »