Author Archives: Весник Илинден

Македонија: Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот Христијан Мицкоски. На агендата се укинувањето на техничката влада, изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на нов Народен правобранител. Коалицискиот партнер во Владата, Вреди, ќе учествува преку Биљал Касами, додека најголемата опозициска партија предводена од Венко Филипче одби ...

Read More »

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Стара нова година 2025 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.

Read More »

113 години од основањето на Албанската полиција

Со низа свечени настани низ Албанија денес беше одбележана 113 години од основањето на Албанската државна полиција. Централната церемонија се одржа во Тирана, во присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, полицијата и други државни институции. Заменик-министерот за внатрешни работи Џемал Ќефалија истакна дека полицијата повеќе од еден век има клучна улога во зачувувањето на редот и безбедноста и ...

Read More »

МНР: Македонските граѓани кои се во Иран да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Како што информираат од Министеството, веќе се ...

Read More »

Германија со амбиција за поголема улога во ОН: Бон предложен за домаќин на нови агенции

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара неговата земја да добие повеќе раководни позиции во Обединетите нации (ОН) нагласувајќи дека Германија не е доволно претставена во високиот ешалон на организацијата и покрај нејзиното меѓународно влијание. По разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во Њујорк, Вадефул истакна дека сегашната застапеност на Германија не ја одразува адекватно нејзината политичка ...

Read More »

ЕВН: Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари и Велешкото езеро (Младост) имаат стабилно снабдување со електрична енергија 

Фото: ЕВН Реонот на велешките села Отовица, Новачани, Кумарино и Сујаклари, како и подрачјето околу езерото Младост се напојува преку среднонапонскиот 10кВ извод „Црн Врв Нов“. На овој среднонапонски извод се поврзани вкупно 43 трафостаници (10/0,4 кВ) со комбинирана сопственичка структура, поконкретно, дел се во сопственост на Електродистрибуција, а дел во приватна сопственост. Во изминатиот период, на овој извод се ...

Read More »

Во документ од 1934 година од Австралија: Македонски иселеник официјално се изјаснил како Македонец

Документ од 1934 година, издаден од властите на Австралија, повторно го отвори прашањето за самоидентификацијата на македонските иселеници во првата половина на 20 век. Станува збор за официјален документ поврзан со постапка за добивање австралиско државјанство на Атанас Васил Делјанис, македонски иселеник, кој пред надлежните институции јасно изјавил дека е Македонец. Во документот, тој наведува дека неговото име е запишано ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Муцунски освари средба со претставници на „Македонија 2025“

Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство. Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги ...

Read More »

Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот

Ситуацијата во Иран е „под целосна контрола“ откако протестите за време на викендот станаа насилни, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој додаде дека предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против дејствијата на Техеран доколку се пролее крв на протестите би ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите, а безбедносните сили да „поканат“ странска земја да интервенира. ...

Read More »

Мисајловски на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце: Нивната мисија беше благородна – за мир, стабилност и безбедност

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце. Положивме венец со свежо цвеќе во знак на неизмерна почит кон единаесетте македонски припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години трагично ги загубија своите животи во хеликоптерската несреќа, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, истакна Мисајловски. Нивната мисија беше благородна – мисија на ...

Read More »