Author Archives: Весник Илинден

Рама повторно најави создавање на „Суверена држава на редот на Бекташи“ во Тирана по моделот на Ватикан

Премиерот Еди Рама изјави дека ќе формира суверена држава во Тирана за верскиот поредок на бекташките, по моделот на Ватикан во Рим, за да ја зачува и промовира верската толеранција. „Тоа би била енклава на исламскиот суфиски ред, една од најмалите држави во светот и би имала своја администрација, но без даноци или полиција и нема да го доведува во ...

Read More »

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква упатува сочувство по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија 

До чуварот на Архиепископскиот трон на Албанската Православна Црква Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч, и на цела Албанија Анастас. Албанската Православна Црква, но и Православието во целост, со преминувањето на блаженоупокоениот Aрхиепископ Анастасиј изгубија светол евангелски маж, трезвен и мудар пастир втемелен во светото православно Πредание, просветлен богослов на Триединиот ...

Read More »

Се упокои во Господа г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија 

Автокефалната православна црква на Албанија, со длабока тага, го објавува упокојувањетo во Господа на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас. Денеска, на 25 јануари 2025 година, во 8:30 часот, на 95-годишна возраст, во болницата „Евангелизам“ во Атина, како последица на недоволно функционирање на многу органи заспа во Господа Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас светилник на православната вера, столб ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Албанија, епицентар во близина на Скадар

Според прелиминарните податоци на Институтот за геонауки, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот е регистриран во Велипојa со длабочина од 15,8 километри. Потресите се почувствувани и во областите околу епицентарот. Според прелиминарните комуникации со претставници на локалната самоуправа, структурите за цивилна одбрана на општина Скадар и округот Скадар не пријавиле материјална штета, соопштуваат од Министерството ...

Read More »

Единствена горанска партија со кандидатска листа на Парламентарни избори во Косово

За учество на изборите се сертифицирани вкупно 28 политички субјекти, со вкупно 1.280 кандидати што ќе се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Република Косово, што ќе се одржат на 09 фебруари, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 29 кандидати од разни делови ...

Read More »

Македонија ја забележа втората победа во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34

Машката репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство 2025, откако во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34. Нашата ракометна репрезентација сега има четири бода. Според калкулациите нашата репрезентација нема да заврши на последното место во групата и има големи шанси да обезбеди добар пласман. Од самиот старт Македонија поведе со 3:1, а кружниот напаѓач Милан Лазаревски беше ...

Read More »

Трипуновски: По 6 години застој се спроведува вештачки мрест на Охридска пастрмка

„Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од Охрид. „За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки ...

Read More »

Фетаху: Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле и сме горди Македонци!

По назначувањето за координатор на Македонското друштво Илинден-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху упати благодарност до преседателот и до раководството на Македонското друштво Илинден-Тирана. Во својата порака наведува „изразувам голема благодарност за повторно искажаната доверба, по втор пат, да бидам преставник на Македонското друштво Илинден-Тирана за нашиот регион Голо Брдо. Чест и задоволство ми е да ја извршувам дејноста ...

Read More »

Претседателот на Советот на амбасадори на Албанија Муцај: Би сакале да бидеме заедно на евроинтегративниот пат

Претседателот на Советот на амбасадори на Албанија, Генци Муцај е оптимист дека Македонија наскоро ќе и се приклучи на Албанија, која ги започна преговорите со ЕУ со отворање на првиот кластер, и оти ќе се најде решение со бугарската страна за одблокирање на евроинтеграцијата. Не сме среќни што сте зад нас, би сакале да бидеме заедно на евроинтегративниот пат. Ние ...

Read More »

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди. Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник ...

Read More »