Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска заедно со раководството на Министерството го пушти во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ. На настанот на кој присуствуваше и претседателот на Владата проф.д-р Христијан Мицкоски, министерот Панче Тошковски образложи дека Одделението за управни работи е во надлежност на Министерството внатрешни работи ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Меги Фино избрана за претседателка на совет на Општина Тирана, Ендрит Браимлари за потпретседател
Меги Фино е избрана за претседателка на совет на Општина Тирана, заменувајќи ја Ромина Куко на оваа позиција. Во меѓувреме, Ендрит Браимлари ја презеде функцијата потпретседател на совет на Општина Тирана. Ќерката на починатиот социјалистички пратеник Башким Фино, Меги Фино, моментално е заменик-министерка во Министерството за Европа и надворешни работи од јуни 2021 година. Во меѓувреме, Браимлари, поранешна потпретседателк на ...
Read More »Пратениците Ристески, Битиќи и Демири на 12.Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Тирана
Собраниска делегација во состав: Петар Ристески, Фатмир Битиќи и Илир Демири, членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), учествува на Дванаесеттата Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ, што се одржува од 8 до 10 јуни 2025 година во Тирана, во рамките на Албанското претседателство со ПСЈИЕ. На сесијата учествуваат претставници на ...
Read More »Албанија ќе реновира 745.000 станбени згради за зајакнување на енергетската ефикасност
Албанската парламентарна комисија за економија и финансии даде зелено светло за Предлог-закон за енергетска ефикасност во станбените згради, кој предвидува реновирање на 745.000 објекти, јави Албанската радиотелевизија. Целта е да се постигнат нула емисии од станбениот фонд во Албанија до 2050 година. Зградите планирани за реновирање се протегаат на површина од 60 милиони квадратни метри. Заменичката министерка за инфраструктура и ...
Read More »Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Мучунски престојува во работна посета на Астана, Казахстан
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, со фокус на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји. Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествуваше на тркалезна маса организирана од Меѓународниот ...
Read More »Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција
Специјалниот Апелациски суд против корупција и организиран криминал, денеска ја потврди мерката „затворски притвор“ за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Тој се жалеше на безбедносната мерка, барајќи нејзино ублажување, нудејќи и финансиски гаранции. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Врховниот суд во рок од 45 дена од денот на нејзиното објавување. Велиај кој не присуствуваше на расправата, ...
Read More »Научна студија: Македонската заедница со длабоки историски корени и силен колективен идентитет во Округот Корча
На настанот одржан денеска во просториите на Универзитетот „Фан Ноли“ во албанскиот град Корча, беше презентиран завршетокот на проектот „Културното наследство на етничките и јазичните малцинства во Округот на Корча“. Во рамки на оваа активност беше претставена научната студија произлезена од проектот, посветена на македонското, влашкото, ромското и египќанското малцинство кои, како што беше констатирано, единствено реално живеат во овој округ. ...
Read More »Македонија победи во Казахстан за прво место во групата
Македонската репрезентација го преживеа тешкото гостување во Казахстан и победи со 0-1. Нашата репрезентација играше добро на овој меч.Ја имаvme контролата во играта, но Казахстанците се покажаа како квалитететен, борбен тим. Кога сите очекувавме дека на полувреме ќе се замине без голови нѐ израдува Александар Трајковски. Во вториот дел доминација на домаќините и најсериозната шанса беше стативата на голот на ...
Read More »Промоција на „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска
Книгоиздавателствто „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, „Час по незадолжителна лектира“. Станува збор за прва книга за македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во оддена монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 ...
Read More »Министерот Лимани во посета на Корча, најави отворање македонски конзулатот во Корча
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска престојуваше во Корча, Албанија на официјалниот почеток на туристичката сезона, со познатиот маскенбал од Корча. Во изјава за албанските медиуми тој најави дека се во тек активности за отворање македонски конзулат во овој град, во југоисточна Албанија. Ја разгледуваме можноста за отворање конзулат тука што ќе биде можност повеќе за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden