На 27. 11. 2024 година во Занаетчискиот дом во Куманово беше промовирана кнгата „Лазар Соколов (1914-1984)“ од Катерина Тодороска и Станислава Трајановска, издание на реномираната издавачка куќа „Менора“ од Скопје. Ова најново издание на „Менора“ излегува по повод 110 годишнината од раѓањето и 40 годишнината од смртта на основоположникот на македонскиот екомонски и стопански развој на повоена Македонија, Лазар Соколов. ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 ноември 1912 денот на Независноста на Албанија
Честитки по повод 28 ноември 1912 денот на независноста на Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 28 ноември 1912 Денот на независноста на Република Албанија. Честито празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Read More »Православните верници денеска почна шестнеделниот божикен пост
За православните верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во ...
Read More »Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска го одбележи Денот на Академијата. Настанот почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов. На Денот на Академијата се додели меѓународното признание „Блаже Конески” на годинашниот добитник Мотоки Номачи, а пригоден говор одржи академик Марјан Марковиќ. Во рамки на ...
Read More »Македонецот Јонел Станку за пратеник во Парламентот на Романија
На 1 декември на парламентарните избори во Романија, Македонците во Романија уште еднаш ќе имаат можност да добијат свој претставник во Парламентот на Романија кој ќе се грижи за правата и положбата на Македонците, организирани во “Асоцијација на Македонците во Романија“. Благодарение на претходните мандати на пратеникот Јонел Станку, друштвото кое е проширено со ограноци во неколку градови во Романија ...
Read More »Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен
Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена по втор пат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, на 1 декември. Гласаа 688 пратеници, од кои 370 гласаа за потврдување на Комисијата, 282 беа против, а 36 беа воздржани. Комисијата доби помалку гласови од Урсула фон дер ...
Read More »Сали Бериша е на слобода, мерката куќен притвор укината
„Денеска судот ја укина мерката куќен притвор, како мерка која нема ниту услови, ниту критериуми за нејзино определување, а од денеска Сали Бериша е на слобода и против него нема безбедносна мерка. Друга безбедносна мерка нема. Не можам да го поврзам досието со вас, но судот оцени дека за Сали Бериша не постојат услови и критериуми за каква било мерка ...
Read More »Новата книга за деца „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, ќе биде промовирана на 28 ноември
Новата книга за деца „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, ќе биде промовирана на 28 ноември (четврток), со почеток во 18:30 часот, во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“. Промотор на сликовницата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ...
Read More »Изведен фрагмент од првата македонска опера „Гоце“ во Дизелдорф
Најатрактивниот дел од програмата беше настапот на Христина Ташкоска во соло-варијанта на виолина со фрагмент од операта „Гоце“ од Кирил Македонски, а потоа во квартет на Ташкоска се придружија Лазе Димовски, Леони Шмиц и Нина Димовска кои исполнија сплет на најпознатите македонски песни со вокал, хармоника и виолина. Mакедонскиот културен центар „Македонско сонце“ на приемот беше претставуван од д-р Блашко ...
Read More »Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА. – Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца, изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие. Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden