Author Archives: Весник Илинден

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат ...

Read More »

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти можа да се најде и од други извори, но вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”. Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и ...

Read More »

„Кратка меморија“ – нова книга од Милица Димитријовска-Радевска

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави поетската книга „Кратка меморија“ пд поетесата Милица Димитријовска-Радевска. Како што истакнува Весна Мундишевска-Велјановска, оваа книга е мемориски регистар на складирани податоци, настани, случки, размислувања, укажувања… сместени во ќелиите на меморијата на една временска рамка која, и покрај активното темпо на збиднувањата, сѐ повеќе ја губи суштинската комплексност, и бледнее присвојувајќи еднозначни карактеристики. Во едноличноста на бинарното постоење, оваа меморија тежнее да ги заштити ...

Read More »

Европскиот суд на правдата не предлага правни акти за иницијативата SafePack за малцинствата

Денска Европскиот суд на правдата ја донесе својата конечна одлука за иницијативата SafePack. Судот ја отфрли жалбата и уште еднаш ја потврди одлуката на Европската комисија да не предлага правни акти врз основа на Европската граѓанска иницијатива. МСПИ повика на заштита и промоција на културата и јазикот на автохтоните национални малцинства и јазични групи во Европа. Во име на иницијативата ...

Read More »

Во Подгорци одбележана 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата Свети Јован Владимир

Со голема духовна и заедничка радост, во село Подгорци, Струга свечено беше одбележана 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај, кој цели еден век претставува духовен дом, културно средиште и симбол на истрајноста на православната вера во овој крај. По повод празникот на Свети Јован Владимир, во храмот беше отслужена ...

Read More »

Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Македонија на областа Преспанско Езеро“. Со тоа се означи започнување на ...

Read More »

Mинистерот за одбрана на Македонија, Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани, истакна во своето обраќање на министерскиот состанок на НАТО во Брисел минист6ерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски. Денеска се обратив на состанокот ...

Read More »

РК Алкалоид стана третата македонска екипа со европска титула

ЕХФ донесе едннствено можна олука за мечот Алкалоид-АЕК. Натпреарот е регистриран со службен резултат 10-0 со што тимот од Автокоманда е победник на Европскиот куп. Со ова РК Алкалоид стана третиот клуб од Македонија кој е победник на некое европско натпреварување по Кометал Ѓорче Петров во 2002 година и РК Вардар во 2017 и 2019 година.

Read More »

Албанија ги отвора сите поглавја во преговорите со ЕУ во јуни

Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта Кос нагласи дека е постигнат договор со албанскиот премиер Еди Рама и дека европските институции се подготвени конкретно да ја забрзаат интеграцијата на Албанија. Во јуни, Европската Унија ги отвора сите преговарачки поглавја со Албанија, што претставува клучен чекор кон членството на земјата во европската заедница. Оваа вест од Брисел ја ...

Read More »

Европската ракометна федерација конечно со одлука: Алкалоид е освојувач на Европскиот куп

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп. „ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен. Одлуката на Судот е следната: Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ ...

Read More »