Во Корча денеска беше одржано првото рочиште по тужбата на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија поднесена против македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Споменатата фондација ја тужи МАЕИ и бара оштета од 10.000 евра и јавно извинување за клевета бидејќи баравме од албанските власти да ја забрани дејноста на ова фондација во Албанија. Тоа поради корумпирање на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Долна Горица
Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец. Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана повторно ја актуализира потребата за 24-часовно работење на граничниот премин Требиште – Џепиште
Македонското друштво “Илинден”-Тирана апелираа до Владата на Република Албанија да го реши долгогодишниот проблем со работното време на граничниот премин Требиште – Џепиште. Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараа преминот да работи 24 часа, како што беше договорено од владите на Македонија и Албанија во 2017 година. Долгогодишен проблем со функционирањето на преминот Граничниот премин Требиште – Џепиште, кој ги поврзува областа ...
Read More »Николоски: Една од најголемите туристички агенции во Европа ќе носи туристи во Македонија
Уште во опозција започнавме разговори со една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона и еве ги резултатите денеска. Првиот авион со 180 туристи пристигна денеска. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување ...
Read More »Албанија стана дел од Европската иницијатива за воздушна одбрана
Албанија стана дел од важен европски безбедносен механизам во областа на одбраната. За време на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, Албанија и Португалија потпишаа меморандум за разбирање за понатамошен развој на Европската иницијатива за воздушна одбрана (European Sky Shield Initiative–ESSI) со што бројот на земји кои учествуваат во оваа иницијатива се искачи на 23, објави албанската државна агенција, АТА. ...
Read More »Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и на Преспанското Езеро
Група на студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и на Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двата езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид. Преку веб-апликацијата hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до ...
Read More »Американската влада почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции
Американската влада синоќа почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции додека претседателот Доналд Трамп и Илон Маск ја забрзаа „чистката“ од федералната бирократија, јавија американски медиуми повикувајќи се на синдикални извори и вработени. Одделот за прашања на ветераните, што обезбедува здравствена заштита за ветераните, соопшти дека отпуштил повеќе од 1.000 вработени кои биле на условна казна, а Шумската ...
Read More »ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана
Европската Унија внимателно ги следи најновите случувања поврзани со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, изјави портпарол на Европската комисија (ЕК), пренесува „Евроњуз Албанија“. ЕК не сакаше да коментира за тековните судски постапки, но нагласи дека останува „максимално посветена на поддршката на реформските напори на Албанија“ и на зајакнувањето на ефикасноста, независноста и отчетноста на нејзините институции, ...
Read More »Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината (ВИДЕО)
Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето. Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, побараа ...
Read More »Македонија и Украина договорија либерализација за билатералниот и за транзитниот превоз
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока. Со измените на Спогодбата се предвидува, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden