Author Archives: Весник Илинден

Албанска автокефална православна црква: Податоците од пописот не ја отсликуваат реалноста и истите не ги признаваме

Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) реагира на податоците од пописот на населението од 2023 година, наведувајќи дека тие не ја одразуваат реалноста, поради што истите не ги признава. Во соопштението, Црквата посочува дека попишувачите, во многу случаи, не ги прашувале испитаниците за верската припадноста. Располагаме со документирани докази дека голем број верници не биле интервјуирани, бидејќи не биле посетени од ...

Read More »

Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис (ВИДЕО)

Македонците заедно со претставиците на уште седум малцинства во Албанија се обединија – преку заедничка декларација упатија порака дека не ги признаваат резултатите од пописот и бараат повторување на статистичката операција. Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ...

Read More »

Поради високите температури администрацијата со скратено работно време,  во Тирана 43 степени под сенка

Влада донесе одлука според која, поради екстремно високите температури, администрацијата ќе работи со скратено работно време. Од понеделник до петок ќе се работи од 9:30 до 15:30 додека во петок од 9:30 до 13 часот, објавија медиумите. Албанија со денови се соочува со високи температури, кои се над 40 степени Целзиусови. Во Тирана денеска живата во термометарот, под сенка, се ...

Read More »

Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“

Под мотото „Превенција за заштита од топлотен удар“, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ спроведуваат превентивно-едукативна кампања на македонско-албанската граница. СВР Охрид денеска соопшти дека посебен тим полициски службеници на пешаците, патниците во возилата и автобусите, кои се наоѓаат на граничниот премин и чекаат за премин на државната граница, им делат вода за освежување и низ кратки разговори ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и друштвото Преспа потпишаа проглас за обединување на Македонците во Албанија

Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ова е прв но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе  кога се знае дека македонско друштвото ” Илинден” дава голем придонес во заштитата ...

Read More »

Осудениот градоначалник Фреди Балери доби дозвола од албанските власти да положи заклетва за европратеник

Властите одобрија осудениот градоначалник Фреди Балери, затворен под обвинение за изборна корупција, да отпатува во Франција за да учествува на инаугуративната седница на Европскиот парламент како грчки европратеник, изјави портпаролот на затворот. Фреди Белери (52), припадник на грчкото малцинство во Албанија, отслужува двегодишна затворска казна за купување гласови пред неговиот избор во мај 2023 година за градоначалник на Химара во ...

Read More »

Во ЕУ делуваат над 820 криминални мрежи, предупредува Европол

Европол предупредува дека во границите на Европската Унија делуваат над 820 криминални мрежи. Последниот извештај покажува дека најзагрижувачко е перењето пари преку легални бизниси. Од друга страна, Унијата поставува строги правила за борбата со корупција во земјите-кандидатки. Повеќе од 820 опасни криминални мрежи оперираат во границите на Европската унија. Европол предупреди неодамна дека внатрешната безбедност е загрозена од активностите, а ...

Read More »

Доналд Трамп : Бог ме спаси

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по обидот за атентат врз него во Пенсилванија, заблагодарувајќи се „на сите за вашите мисли и молитви, бидејќи само Бог спречи да се случи незамисливото „Само Бог спречи да се случи незамисливото. Нема да се плашиме, туку наместо тоа ќе останеме издржливи во верата и пркосни пред злобата“, напиша поранешниот претседател во објавата ...

Read More »

Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок, ќе има уште затворања

Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок и, според истражувањето презентирано во четвртокот од консултантската куќа Роланд Бергер, две од три работат со загуба. Повеќе од половина од 650 анкетирани менаџери на болници изјавиле дека во вториот квартал од 2024 година работеле со загрозена или многу загрозена ликвидност. Понатаму, 28 болници може да станат несолвентни до крајот на ...

Read More »