Author Archives: Весник Илинден

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто во посета на Тирана

Министерот за надворешни работи Игли Хасани оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој е во официјална посета на Тирана. Хасани ја цени соработката меѓу Унгарија и Албанија на политичко и на економски план, притоа најавувајќи дека во рамките на оваа соработка премиерот Еди Рама во октомври ќе ја посети Будимпешта. Министерот Хасани рече дека Унгарија е еден ...

Read More »

Во аеродромот во Тирана, Индиец бил спречен да ја отвори вратата од авионот (ВИДЕО)

Индиец направил вистинска драма во авион кој полетувал од Тирана до Истанбул во вторникот, на 10 септември околу 20 часот, бидејќи пред полетувањето се обидел да отвори една од вратите на авионот повлекувајќи ја заштитната рачка. Неговото име не е познато, но авионот бил запрен на пистата неколку моменти по инцидентот, без да полета. Поради брзата реакцијата на стјуардите, избегната ...

Read More »

Русија почна контраофанзива во Курскиот регион

Руските сили започнаа значајна контраофанзива против украинските војници кои минатиот месец влегоа во западна Русија и зазедоа дел од територијата, објавија промосковските воени блогери. На 6 август, Украина го започна најголемиот странски напад врз Русија од Втората светска војна, пробивајќи ја границата во рускиот регион Курск со илјадници војници поддржани од големи количини беспилотни летала и тешко оружје, вклучително и ...

Read More »

Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов (ФОТО)

„Монаштвото е плот од плотта на Црквата, динамичен израз на аскетскиот дух и на есхатолошкиот стремеж на нејзиниот живот. Посветени со душа, со ум и со тело кон Христа, ’туѓинци и странци во овој свет‘, ’претворајќи ги ноќите во денови, живеејќи во благодарност и псалмопение‘, ’барајќи го она што е горе‘, монасите со упорност и со трпение тропаат на вратата ...

Read More »

Собраниска делегација на Македонија во регионална конференција за парламентарната димензија на ЕУ-интеграцијата на Западен Балкан во Тирана

Денеска и утре се одржува регионална конференција на тема „Процес на патоказ: Патот напред“, во Република Албанија. Оваа конференција претставува активност во рамките на тригодишниот проект „Промоција на европската интеграција“ на Германското здружение за меѓународна соработка (ГИЗ), во чии рамки се организирани бројни активности на ниво на Парламентарната мрежа на комисиите за европски прашања на Парламентите на Западен Балкан. Основната ...

Read More »

Ванчо Ѓорѓиев професор на Факулетот за историја во Скопје е новиот претседател на Комисијата за историски прашања

На седница Владата на Република Македонија го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Ѓорѓиев порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење. Во новиот состав на комисијата е Александар Литовски, историчар. И тој ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Исчитувањето на Конески како тестамент треба да продолжи – да не заборавиме дека мораме да пишуваме на македонски

Исчитувањето на Конески како тестамент треба да продолжи. Зашто на тој начин нема да заборавиме дека мораме да пишуваме на македонски! Ова го порача проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска на свеченоста на којашто од Културно-едукативниот центар „Небрегово“ ѝ беше доделено признанието „Зборот на Конески“ за 2024 година, во спомен-домот „Блаже Конески“.  Од 2021 година па наваму, кога ќе ја употребам синтагмата „Конески ...

Read More »

Израелскиот министер за одбрана тврди дека Хамас повеќе не постои како воена формација во Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека воените капацитети на Хамас се сериозно оштетени по повеќе од 11 месеци војна, тврдејќи дека палестинската милитантна група повеќе не постои како воена формација во Газа, пишува Гардијан. „Хамас како воена формација повеќе не постои. Хамас е ангажиран во герилска војна, а ние сè уште се бориме против терористите на Хамас и ...

Read More »

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

Со спасителна акција организирана од албанската полиција во заливот Филикури биле спасени двајца македонски туристи кои биле блокирани во заливот. Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми. На жената која ...

Read More »

Обраќање на министерот Муцунски пред Унгарската дипломатска академија (ФОТО)

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање Муцунски се осврна на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ. Тој посебно ја истакна непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои ...

Read More »