Author Archives: Весник Илинден

Зошто бројот на Македонците во Албанија е преполовен?

Фото: Маја Јаневска-Илиева Интервју со Салим Кадри Керими Салим Кадри Керими По објавувањето на прелиминарните резултати на најновиот попис на населението во Република Албанија, кој беше спроведен есента во 2023 година и според кој бројот на Македонците во оваа соседна земја, во споредба со нивниот број според пописот од 2011 година, е преполовен, деновиве разговаравме со Салим Кадри Керими, историчар, ...

Read More »

Почина митрополитот Бератско-валонско-канински г. Игнатиј

Со длабока тага ја објавуваме смртта на Неговата милост, митрополитот Бератско-валонско-канински г. Игнатиј, нашиот брат и колега свештеник. Тој се упокои во Бога денеска, 20 јули 2024 година, по тригодишно боледување во болнициа во Атина. –  сопшти Синод на Автокефалната Православна Црква на Албанија. Неговото милосрдие митрополитот Бератско-валонско-канински г. Игнат (Тријантис), со арванитско потекло, е роден во Тива, на 8 ноември ...

Read More »

Јан Стојановски го освои првото злато за Македонија на Европската олимпијада по физика

Фото: ДФРМ Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на осмата Европска олимпијада по физика која се одржа во Кутаиси во Грузија од 15 до 19 јули. По сребрениот медал минатата минатата година, бронзата на Меѓународната олимпијада по физика во Токио и златниот медал на Балканската олимпијада по физика во 2022 година, Стојановски сега е меѓу  најдобрите физичари ...

Read More »

Урсула фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

Урсула фон дер Лајен беше реизбрана за претседателка на Европската комисија на денешното гласање во Европскиот парламент, кое што претставуваше најголем тест досега за нејзините политики. Актуелната претседателка на ЕК доби 401 глас „за“, а 284 беа „против“ на гласањето. Таа доби нов петгодишен мандат. Пред 5 години, таа беше избрана со тенко мнозинство од 9 гласа. „Изминатите 5 години ...

Read More »

Парламенти усвои декларација за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, предвидува и враќање на имотите на протераните Чами

Албанскиот парламент едногласно, со 96 гласа „за“, ја усвои декларацијата за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, од 1940 година. Декларацијата ја предложи Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, протерани Албанци од областа Чамарија во Грција. Идризи, при презентирањето на документот истиот го опиша ...

Read More »

Албанска автокефална православна црква: Податоците од пописот не ја отсликуваат реалноста и истите не ги признаваме

Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) реагира на податоците од пописот на населението од 2023 година, наведувајќи дека тие не ја одразуваат реалноста, поради што истите не ги признава. Во соопштението, Црквата посочува дека попишувачите, во многу случаи, не ги прашувале испитаниците за верската припадноста. Располагаме со документирани докази дека голем број верници не биле интервјуирани, бидејќи не биле посетени од ...

Read More »

Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис (ВИДЕО)

Македонците заедно со претставиците на уште седум малцинства во Албанија се обединија – преку заедничка декларација упатија порака дека не ги признаваат резултатите од пописот и бараат повторување на статистичката операција. Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ...

Read More »

Поради високите температури администрацијата со скратено работно време,  во Тирана 43 степени под сенка

Влада донесе одлука според која, поради екстремно високите температури, администрацијата ќе работи со скратено работно време. Од понеделник до петок ќе се работи од 9:30 до 15:30 додека во петок од 9:30 до 13 часот, објавија медиумите. Албанија со денови се соочува со високи температури, кои се над 40 степени Целзиусови. Во Тирана денеска живата во термометарот, под сенка, се ...

Read More »

Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“

Под мотото „Превенција за заштита од топлотен удар“, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ спроведуваат превентивно-едукативна кампања на македонско-албанската граница. СВР Охрид денеска соопшти дека посебен тим полициски службеници на пешаците, патниците во возилата и автобусите, кои се наоѓаат на граничниот премин и чекаат за премин на државната граница, им делат вода за освежување и низ кратки разговори ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и друштвото Преспа потпишаа проглас за обединување на Македонците во Албанија

Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ова е прв но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе  кога се знае дека македонско друштвото ” Илинден” дава голем придонес во заштитата ...

Read More »