Во овие моменти претседателката Гордана Силјановска-Давкова му го врачува мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонско здружение „Вардар“ од Ниш: Интензивирање на соработката со Мојсова-Чепишевска и Антоновски за уште поголема афирмација на вредностите на македонската книжевност и култура
Заеднички заложби за уште поголема афирмација на вредностите на македонската книжевност и култура во Србија. Идеи за заедничко осмислување и остварување на дел од натамошните програмски активности – оние коишто ќе се поврзани со современата македонска книжевност и култура, а коишто ќе се поттик и за унапредување на соработката меѓу академските заедници од двете земји во областа на книжевната македонистика ...
Read More »Викендов во Вишни и во Охрид: Канонизација на светите Спаса и Спасе Вишенски
Синодот на МПЦ – Охридска Архиепископија ги вброи во редот на светиите Спасе и Спаса Вишенски, со што конечено се заврши еден процес што трае веќе еден век, а кој го започнаа самите верни луѓе. На 8-ми и 9-ти јуни во храмот „Свети Атанасиј“ во село Вишни (Струшки Регион) и во храмот „Света Софија“ во Охрид, ќе се случи свечениот ...
Read More »Ернал Фило прв амбасадор на Албанија во Украина
Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредба, со која, за прв амбасадор во Украина го назначи дипломатот од кариера Ернал Фило. Од Министерството за Европа и надворешни работи наведуваат дека Фило е во служба на албанската надворешна политика од 1997 година, а неколку години бил и амбасадор во Црна Гора. -Исто така успешно извршувал различни должности и одговорности, покажувајќи сериозност и ...
Read More »Нови мостови за книжевната македонистика: Ниш во знакот на современата македонска книжевност, на Чинго и на Шопов
Се градат нови мостови за книжевната македонистика и за нејзината меѓународна афирмација. Вчера, Ниш беше во знакот на современата македонска книжевност. Универзитетски професори, книжевни истражувачи, преведувачи, лингвисти, студенти, уметници, високи претставници на македонската заедница во Србија… Сите беа дел од вечерта посветена на современата македонска книжевност, на којашто се промоцираа две капитални дела објавени оваа година во Србија, а коишто ...
Read More »Кандидат за локални избори на АфД нападнат со нож во Манхајм
Повторно напад со нож во Манхајм, овој пат погоден е кандидат на АфД за локални избори. Напаѓачот е уапсен. Кандидат на АфД за локалните избори во вторникот вечерта е напднат со нож во Манхајм, при што е повреден, а напаѓачот е уапсен, како што јави новинската агенција ДПА. Настанатот се случил во доцните вечерни чаови, потврди полицијата во Манхајм. Според ...
Read More »Прес-конференција на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание (ВО ЖИВО)
Денеска, 05.06.2024 година, во 12:00 часот во прес центарот на Собранието на Република Македонија ќе се одржи прес конференција. Ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференцијата можете да ја следите во живо на следниот линк:
Read More »На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата
На меѓурадониот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на граничната полиција, осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми. Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји ...
Read More »Македонците во Албанија го прославија Свети Јован Владимир (ФОТО)
Во селото Шиjон, во Елбасан секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Бладимир. Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна ...
Read More »Македонците од Бугарија продолжуваат со промовирањето на сопствените национални особености
Одбележана 119-годишнината од смртта на македонскиот војвода Атанас Тешовалијата Претставниците на македонското малцинство во Република Бугарија ја одбележија 119-годишнината од смртта на македонскиот војвода Атанас Тешовалијата во неговото родно место. Настанот и присуството на членовите на ОМО „Илинден“ – Пирин, ОМО „Илинден“ и на Друштвото на Античките Македонци не беa случајни. Имено, Атанас Тешовалијата е симбол на борбата против врховизмот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden