Author Archives: Весник Илинден

Македонија го одбележува Денот на македонското знаме

Сонцето првпат се појавува на знаме како дел од пејзажот на црвеното знаме на кумановската чета во Илинденското востание од 1903 година. Подоцна и предлогот за знаме на независна Македонија, на македонската колонија во Санкт Петербург, од 1914 година, содржи сонце. И тоа знаме е црвено, а сонцето е златно и изгрева од долниот слободен агол. Државните знамиња се огледало ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана девет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред девет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение ...

Read More »

Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 македонски народни песни во регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора

„Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд работев девет години и успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“, напиша Андријана Јаневска. Пејачката Андријана Јаневска, која е професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка ...

Read More »

Конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан во Тирана

На тема „Соработка за безбедност и миграциски текови низ Западен Балкан“ денеска во Тирана се одржува конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, со присуство и на претставници на меѓународни органзации. Отворајќи ја конференцијата, домаќинот, албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала порача дека е многу битно да се има поширока регионална соработка во борбата против ...

Read More »

Русија: Економистот Белоусов ќе биде наследник на Шојгу

Сергеј Шојгу, руски министер за одбрана од 2012 година е сменет и треба да стане секретар на Советот за национална безбедност. Шојгу го наследува цивилен и економски експерт. Набргу по почетокот на неговиот петти мандат, рускиот претседател Владимир Путин го смени својот долгогодишен министер за одбрана и близок соработник Сергеј Шојгу. 68-годишниот би требало да стане секретар на Националниот совет ...

Read More »

Прописи и главни должности на Претседателот на Македонија

Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на ...

Read More »

Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива од гостувањето на Фарски Острови и да се пласира на Светско првенство. Фарски Острови имаа водство само на почетокот од средбата, по што Македонија го презема водството и стигна до предност од пет гола (15-10).  На пауза заминавме со половина завршена работа и водство од 19:15. Тоа ...

Read More »

Mасовна средба на Mакедонците од Eгејот, се одржаа третите „Беломорски видувања“

Да не се заборави она што се случи пред 75 години, да покажеме дека постоиме и дека нас никој не не измислил, ова се пораките на Македонците од Егејот кои денеска се собраа  на „Беломорските средби“, од каде испратија порака за обединување и посветла иднина на Македонија. Порачаа егзодусот никогаш да не се заборави и никогаш никаде во светот да ...

Read More »

Гордана Сиљановска Давкова прва жена претседател на Македонија од осамостојувањето

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска  Давкова е шестиот претседател на  Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција. Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Сиљановска – Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски ...

Read More »