Author Archives: Весник Илинден

Информации за движењето на странските државјани за влез во Албанија

Во Република Албанија е олеснето движењето на странските и албанските државјани кои остваруваат влез во државата. Според последните мерки: – Отворени се границите – Не е потребно одобрение за влез – Не е потребен ПЦР тест – Не е потребен карантин – Не е потребна самоизолација

Read More »

Македонија: Mинистерот за здравство, Филипче најавува отворање на границите без тестови и карантини

“За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела”, најави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ21. Според него, со отворањето на границите во целиот регион карантинот ја губи смислата ...

Read More »

Стерјовски побара подршка од САД за барањето за загарнтирани пратенички места во албанскиот парламент

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот парламент,Васил Стерјовски, заедно со дел од пратениците од парламентарната опозиција остварија средба со претставник на американската амбасада во Тирана, во врска со изборната реформа. На средбата шефот на политичката и економската канцеларија на амбасадата, Иан Крафорд го запознале со барањата, кои, според нив, мора да бидат вметнати во новата законска изборна ...

Read More »

Дополнителни 15 услови за Албанија пред почетокот на преговорите

Во време кога се очекуваше ЕУ да ја финализира преговарачката рамка за Албанија, Европскиот парламент даде 15 дополнителни услови што Албанија мора да ги исполни пред да започнат преговорите за членство. Амандманот што го поднесе групата на Европски народни партии со 15 услови беше одобрен со 388 гласа „за“, 280 беа „против“ а 19  беа„воздржани“. 15-те услови што ги предложија ...

Read More »

107 години од македонското Тиквешко востание

Денес се навршуваат 107 години од македонското Тиквешко востание против српската окупаторска власт во Македонија! Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор на Македонците против српската власт којашто го окупирала Вардарскиот дел на Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание ...

Read More »

Излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик

Во издание на „Хаемус“ излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик. Автор на ова најново издание на „Хаемус“ е Василка Димитровска. Водичот дава хронолошки преглед на средновековните цркви и манастири во скопскиот регион, групирани по географски целини: околу Водно, Матка и на Скопска Црна Гора. Опфатени се информации за 14 позначајни објекти во однос на нивната архитектура и ...

Read More »

Стерјовски: Мора да се регулира учеството на малцинствата со загарантирани места во парламентот 

На денешната пленарна седница на албанскиот парламент, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, побара во новиот изборен законик загарантирани места за малцинстава. Со оглед на тоа што сегашниот изборен систем не гарантира можност за застапување на малцинствата во парламентот, неопходно е да се направат соодветни интервенции во Изборниот законик. Мора да се регулира учеството на малцинствата со ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара од албанската влада финансиска подршка за граѓанските организации 

Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара во економските мерки на Владата на премиерот Еди Рама, за ублажување на последиците од од пандемијата со Ковид-19, да бидат опфатени и граѓанските организации. Исто така се бара и ослободување од плаќање локални даноци и други давачки. Во писмото доставено до Комитетот на експерти за справување со Ковид-19, кое доставува предлози до владата, друштвото наведува дека,се ...

Read More »

Македонија: Потпишан кодекс за фер и демократски избори (ВИДЕО)

Со апели за безбедна кампања и гласање, партиите во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори на 15 јули.Велат големи митинзи и собирања нема да организираат заради заштита од Ковид-19, ќе ги намалат теренските активности, а гласовите од граѓаните ќе ги бараат на поинаков начин, со кампања преку медиумите. И додека поголемите партии се убедени во ...

Read More »