Македонското друштво “Илинден“-Тирана повторно го актуелирира барањето владите на Албанија и Македонија, да го реализираат договореното, граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо да функционира 24 часа. Бараме од владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, што е неопходно потребно за да може луѓето полесно да комуницираат од ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Колумна на Проф. д-р Катерина Тодороска: Свои на своето
Муабетов е за оние кои не се отчоечиле, за оние кои си ја зачувале честа и чистата душа. Онакви какви што нѐ има многу повеќе од оние кои катадневно нѐ предизвикуваат пизмата, иднина да нѝ биде. Моето најголемо девојче, објаснувајќи како врват годините, еднаш знаменито заклучи: „Годините летаат како птици во јато“. Ние со години, како на смеа, ја задевавме ...
Read More »Централниот совет на Македонците од Германија бара реформи по недемократските изборни практики
Одборот на Централниот Совет на Македонците во Германија се состана на 14 февруари 2024 година за да расправа за претстојните избори во Македонија. На средбата детално се разговараше за недемократските практики на изборната комисија на изминатите избори. На последните избори стана јасно дека регистрацијата на дијаспората за гласање во амбасадите е недемократска и нефер. Илјадници гласачи останаа без својот глас ...
Read More »Флориан Вист: Борбата за македонскиот идентитет во фокус
Ни претставува чест и задоволство денес да ви претставиме една особено посветена личност која не само што е страсна за истражување на македонската историја, туку и активно придонесува за одржување и ширење на нашето историско наследство. Во знак на благодарност за неговиот извонреден ангажман, Флориан Вист му беше доделен примерок од книгата “Основање на независната Република Македонија” од д-р Дејан ...
Read More »Утре почнува Велигденскиот пост
Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден. Четириесетница – Велика или Света Четириесетница – затоа ...
Read More »Претседателот Иванов учествуваше на 11-тиот Глобален форум во Баку
Во периодот 14-16 март 2024 година, во Азербејџан се одржа 11-тиот Глобален Баку Форум во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Поправање на скршениот свет“, на кој учествуваше и поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Во текот на форумот, претседателот Иванов оствари средба со Заменик Генералниот секретар на ОН и Висок претставник на Алијансата на цивилизации ...
Read More »Неколкупати поголема фреквенција на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо
На граничниот премин Џепиште – Требиште, во првите два месеца од годинава забележана е зголемена фреквенција на патници, споредено со истиот период минатата година. На граничен премин Џепиште-Требиште, забележана е зголемена фреквенција за над 15 отсто. На влез регистрирани се вкупно 3.643 додека на излез 3.409 патници или вкупно 7.052 патника. Одделно на влез регистрирани се 165 а на излез ...
Read More »„Денови на поезијата“ во „Скопје Сити Мол” – збор имаат македонските поети!
За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе биде посветен на поезијата. Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на ...
Read More »Поглаварот на Македонската Православна Црква – ОА г.г. Стефан: Тажно е кога самите одвнатре се негираме, застапувајќи туѓи интереси како свои
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 14 март 2024 година, на Универзитетот ,,Скопје’’, учествуваше на форумот со наслов ,,Како да го заштитиме македонскиот идентитет’’ со свое излагање, кое го пренесуваме во целост. Почитуван ректоре, почитувани учесници, професори, студенти, гости, Денес, во таканареченото постмодерно општество во кое царува релативизирањето на секоја вистина, на силен удар се и најважните ...
Read More »Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Црна Гора, се почувствува и во Албанија и Македонија
Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Албанија и Македонија. Сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба забележаа силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер. Според првите информации, епицентарот бил веднаш ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden