Author Archives: Весник Илинден

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Љупчо Јаневски, Директор на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денeска во Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија оствари средба со д-р Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше д-р Љупчо Јаневски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, ...

Read More »

Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање за изучување на македонскиот јазик во регионите со македонско население во Грција

Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање до грчкиот министер за образование Ники Керамеос за воведување настава на македонски јазик. Бараат да се воведе македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и средните училишта во областите на северна Грција. Велат дека тие се регистрирана организација во Грција чија основна цел е зачувување и негување на македонскиот јазик ...

Read More »

Европската слободна алијанса бара почитување на човековите права на македонските политички затвореници

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов се сретна со претседателката на Европската Слободна Алијанса (ЕФА) Лорена Лопез де Лакал и со советникот за односи со јавноста Пол Бучер на 26 јануари 2023 година, да разговара за сериозните прашања со кои се соочени Македонците, вклучително за ужасните затворски услови во кои се држат политичките затвореници во Република ...

Read More »

Во септември попис во Албанија

Институтот за статистика на Албанија соопшти дека пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе во септември година. Поточно оваа статистичка операција ќе почне на 18 септември и ќе трае шест недели. Процесот ќе го следи методот на непоредно броење заснован на теренски операции со пополнување прашалници од страна на попишувачите, стои во објавата на ИНСТАТ. Пописот најпрво беше ...

Read More »

УНЕСКО ќе отвори канцеларија во Охрид

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на официјалната посета на Париз, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура, и со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо. „Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска. ...

Read More »

Ким: По иранските кибер-напади, 50 милиони долари за кибер-безбедноста на Албанија

На конференцијата за предизвиците на кибер-безбедноста што се одржува во Тирана, американската амбасадорка Јури Ким се фокусираше на помошта што САД и ја понудија на албанската влада за заеднички да реагираат на нападите од Иран. САД работеа со Албанија, заедно со нашите сојузници реагирајќи на кибер-нападите од Иран. Јасно е дека Албанија и САД мора да идентификуваат заедничка одбрана. За ...

Read More »

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Унгарија, Каталин Новак на Република Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката Новак, а по одржаната тет-а-тет средба ...

Read More »

Ердоган: Најмалку 912 загинати и 5.383 повредени во земјотресот во Турција

Најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, остро ревидирајќи ги претходните бројки. Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5.383 луѓе. Со најмалку 326 луѓе кои загинаа во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, ова го става бројот на загинати во најмоќниот ...

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод четринаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод четринаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана одбележува 14 години од формирањето и успешната активност за заштита на македонскиот идентитет

Оваа година се навршуваат четринаесет години од 6 февруари 2009 година -денот на формирањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, на Македонците во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од четринаесет години оствари безброј средби со ...

Read More »