Застануваме со страхопочит, љубов и свештено уважување пред лицето на Мајката Божја, Мајката на сиот свет. Пред нас се наоѓа двонеделниот пост во чест на нејзиното славно Успение и Вознесение на небесата. Подготовката со воздржание, молитва и дела на љубовта за „летната Пасха“ започнува од денес. И како што во Црквата Божја сè станува промислено, богомудро, за надградување и утеха ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Годинава во Албанија бонус добиле над 23,3 илјади бебиња
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во изминатиот период од годинава 23.342 новороденчиња добиле бонус за бебе. Преку објава на „Фејсбук“, Рама наведува дека од почетокот на „оваа универзална програма“ во 2019 година 95.524 деца добиле бонус. Со владината програмата родителите на прво родено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (околу 330 евра), за второ 80.000 и 120.000 леки ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св. Преображение
Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2021 година. Сите сте добредојдени.
Read More »Документарен филм за Македонците во областа Гора во Косово (2 дел)
Македонија: Седумдесет години од убиство на петте струмички студенти
Денес се навршуваат седумдесет години од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов од комунистичкиот режим на 13 август 1951 година. Биле убиени со вразни раце, со по еден куршум во главата и еден во срцето. Само Борис Белев бил застрелан со три куршуми… Убиството било планирано, бидејќи на семејствата ...
Read More »МНР: Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан, а тие што се таму веднаш да си заминат
Граѓаните да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат таму, заради лична безбедност веднаш да заминат, препорачува македонското Министерството за надворешни работи. Препораката се упатува заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, велат од МНР. Од Министерството ги повикуваат сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, ...
Read More »Неколкумина убиени во масовно пукање во Англија
Шест лица загинаа во масовно пукање во градот Плимут во Англија на 12 август, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е меѓу загинатите. Две жени и тројца мажи, меѓу кои и вооружениот напаѓач, починале на местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Девон и Корнвол. Уште една жена почина во болница. „Се верува дека сите починале од ...
Read More »Во Албанија бесплатни учебници за сите основци и дел од средношколците
Во новата 2021/2022 учебна година, албанската Влада, ќе обезбеди бесплатни учебници за сите ученици во основното образование, вклучително и оние од осмо и деветто одделение, кои досега не беа опфатени со оваа програма. Министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши, веста ја објави на социјалните мрежи, објаснувајќи дека на списокот на корисници ќе бидат и средношколци кои се во ...
Read More »По 20 години пауза повторно чартер-летови Охрид – Москва
Една од најголемите руски авиокомпании „Нордвинд“ најави дека од 2022 година, по точно 20 години пауза, повторно ќе ги поврзе Охрид и Москва со чартер-лет, двапати неделно. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), интересот на руските туристи е генерално насочен кон културниот и верскиот туризам, но во последно време доминира интересот за специјализирани кратки одмори, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden