Author Archives: Весник Илинден

Еуро2020: Англија и Италија вечерва во битка за европскиот фудбалски трон

Стадионот „Вембли“ во Лондон вечерва од 21 часот ќе биде домаќин на финалето на 16. Европско фудбалско првенство во кое домаќинот Англија ја пречекува репрезентацијата на Италија. Англичаните немаат европски трофеј во својата историја, а вечерва ќе го играат своето прво големо финале од 1966 година кога на истиот стадион ја освоија титулата светски првак. Репрезентацијата предводена од Герет Саутгејт ќе се обиде да го повтори ...

Read More »

Френсис Ентони Бојл – професор по меѓународно право на универзитетот „Илиноис“: Виенската конвенција може да го урне Преспанскиот договор

Професорот Френсис Ентони Бојл, кој е предавач по меѓународно право на универзитетот „Илиноис“ во САД, поради моменталната ограниченост во можноста за поопсежно истражување, предизвикана од екстремно ниските температури и поларниот студ во Чикаго (каде што се наоѓа тој), специјално за „Нова Македонија“ даде само професионално мислење, без подетално објаснување, во врска со можноста за евентуално подоцнежно оспорување на валидноста на ...

Read More »

Прв заеднички состанок на националните комисии за УНЕСКО на Македонија и Албанија

Националните комисии за УНЕСКО на Македонија и на Албанија, утре (12 јули) во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на Националните комисии за УНЕСКО. На седницата посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со ...

Read More »

МНР: Инсталираме базни станици во ДКП-ата во странство за издавање пасоши

Министерството за надворешни работи направи напори да им овозможи непречено движење на македонските граѓани и покрај истечениот рок на пасошите, идејата се покана како неуспешна. Откако претходно „Слободен печат“ пишуваше за неуспешните обиди на неколкумина наши сограѓани да излезат или да влезат во државава без важечки пасош, денеска побаравме одговор од МНР како ќе се реши проблемот на стотици луѓе кои се буквално ...

Read More »

Брегу: Во тек се подготовки за бесплатен роаминг и со ЕУ

Генералната секретарка на РСС како пример на регионалната соработка го посочи укинувањето на роамингот на Западен Балкан и посочи дека во тек се подготовки да се овозможи бесплатен роаминг и со ЕУ. Регионалната соработка во Југоисточна Европа (ЈИЕ) е составен и суштински елемент на нејзиниот општествено-економски напредок, порача генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, во обраќањето ...

Read More »

Албанското специјално обвинителство влезе во МВР, уасени девет полициски раководители

Албанското специјално обвинителство продолжува со активностите против корумпирани функционери и носители на функции. По акцијата во градот Љушња, каде беше уапсен и градоначалникот, поради корупција при спроведување тендери, денеска влезе во Министерството за внатрешни работи. Притворени се девет актуелни и поранешни високи раководители за злоупотреба при спроведување на тендерот за набавка на нови униформи за полициските службеници. Извршен е претрес ...

Read More »

Васил Стерјовски оствари официјална средба со министерот за правда на Македонија Бојан Маричиќ 

Денеска во Тирана во просториите на Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски имаше официална средба со министерот за правда на Македонија Бојан Маричиќ. На средбата беа присутни заменик-министерот за правда Агим Нухиу и Македонскиот Амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски. На средбата се разговараше за добрите меѓудржавни односи меѓу Албанија и Македонија, за потребата од 24-часовно работење на граничниот премин Џепиште-Требиште, во областа Голо ...

Read More »

Големи поплави во Њујорк поради невремето (ВИДЕО)

Помеѓу пет и 10 сантиметри вода паднале со силни грмотевици над градот и околните области, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС), „предизвикувајќи големи поплавувања на одредени места“. Патниците во метрото објавија на Твитер видеа од поплавените платформи на 157-та станица северно од Менхетен. Снимките покажуваат дека патниците се едвај се движат длабоко во водата и минуваат низ темниот базен за да ...

Read More »

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тирана оствари работна средба со албанската министерка за правда Етилда Ѓонај

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тирана оствари работна средба со албанската министерка за правда Етилда Ѓонај. На состанокот на кој присуствуваше и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правдата. Дополнително се дискутираше и за европските интеграции на двете земји, имајќи предвид дека Македонија и Албанија се во иста ...

Read More »