Author Archives: Весник Илинден

Поплавите предизвикаа хаос во Романија

Поројните дождови во изминатите 24 часа предизвикаа поплави на 36 локации во 15 романски области. Според последните информации, две лица загинале. Службата за вонредни ситуации (ИГСУ) денеска соопшти дека противпожарни и спасувачки служби се обидуваат да евакуираат десетици туристи кои се блокирани од надојдената вода. Погодените области од невремето се Алба, Аргеш, Ботосани, Брашов, Клуж, Караш-Северин-Ковасна, Дамбовита, Хунедоара, Неамт, Олт, ...

Read More »

Победа на македонските младинци на почетокот на Балканијадата

По голема борба, со два сета на разлика, а всушност сите со тесен резултат, македонските репрезентативци до 20-годишна возраст го совладаа домаќинот Косово со 3:1 (25:22, 21:25, 28:26, 25:23) во првото коло на Балканското првенство во Приштина. Избраниците на селекторот Ванче Санев го издржаа притисокот во клучните моменти, направија предност на позиција среден блокер на којашто разлика направи Филип Савовски ...

Read More »

СЗО: Можна е појава на поопасна варијанта коронавирус од Делта

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта. Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, ...

Read More »

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед, да им го честитам големиот празник Курбан Бајрам со искрени желби, пред се за добро здравје, хармонија и благосостојба. Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста и хуманоста кои се универзални вредности што обединуваат и поврзуваат. Да помогнеш и ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. Почитуван реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир еф. Фетаху, Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од ...

Read More »

Македонија триумфираше над Луксембург со резултат 73:57

Фото: kfsm.mk Нашата машка кошаркарска селекција „Под 20“ години во унгарскиот град Шопрон го одигра првиот натпревар од групата „Д“ од ФИБА „Челенџер“ турнирот во кој славеа играчите на селекторот Тони Симиќ. Македонија триумфираше над Луксембург со резултат 73:57 (15:15, 22:20, 12:12, 24:10), нашите млади кошаркари во второто полувреме го скршија отпорот на противникот. Првото полувреме не можеше да се опише ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам 

Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и Ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите ...

Read More »

Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонско друштво “Илинден“-Tирана 

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Read More »

Костал – Македонија достигна илјада вработени

Германскиот концерн „Костал“ за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија на свечен начин го одбележа ангажирањето на илјадитиот вработен во нивната филијала во Охрид. Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека одлуката компанијата да отвори своја филијала во земјава е плод на долготраен процес, чие преговарање траело повеќе од три години. Охрид беше идентификуван како град со ...

Read More »

Во Албанија полицискиот час останува, музика во рестораните до 23 часот

Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, одлучи да го продолжи времето за дозволување музика во угостителските објекти до 23:00 часот, додека полицискиот час и другите мерки остануваат непроменети. Претседателката на комитетот и заменик-министерка за здравство, Мира Ракацоли додаде дека епидемиолошка состојба во земјата е стабилна во „време кога туризмот започнал нормално”, но сепак не може да ...

Read More »