Author Archives: Весник Илинден

Православните верници го слават Духовден – денот на слегувањето на Светиот Дух

Православните верници денес го одбележуваат големиот христијански празник Педесетница, во народот познат како Духовден, кој е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден по Христовото Воскресение и десеттиот ден по Неговото Вознесение. Според христијанското учење, Исус Христос за време на Својот земен живот повеќепати им најавувал на учениците дека ќе го испрати Утешителот – Светиот Дух, ...

Read More »

Луксузното одморалиште на Кушнер и Иванка Трамп дочекано со протести во Албанија

Проектот за луксузно одморалиште финансиран од Џаред Кушнер и Иванка Трамп предизвика контроверзии на јужниот брег на Албанија откако започна изградбата во близина на заштитената лагуна Нарта. Жителите и еколошките активисти протестираа против изградбата, судирајќи се со приватните обезбедувачи. Еден демонстрант беше одвлечен од чуварите, додека полицијата, и покрај големото присуство, не интервенираше. Демонстрантите бараат запирање на изградбата, транспарентност во ...

Read More »

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом

Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам ...

Read More »

Ковачки: Македонско-албанското пријателство е партнерство кое го градиме со векови, заедно ќе го продолжиме истото пријателство и во ЕУ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, ...

Read More »

Православните христијани, ја празнуваат Задушница

Православните христијани, ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено ...

Read More »

Мицкоски: Додека сум премиер, ако не видиме испорака од бугарска страна, нема да се поместиме ниту милиметар

Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки ...

Read More »

Израелската армија издаде предупредување за евакуација на седум села во јужен Либан

Израелската армија денеска ги повика жителите на седум села во јужен Либан да се евакуираат пред планираните напади против проиранското движење Хезболах, и покрај прекинот на огнот. Повеќето од селата за кои е издадено предупредувањето се наоѓаат околу градот Набатие. Израел извршува речиси секојдневни напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, ...

Read More »

Фолклорна група „Преспа“ од општина Пустец  учествуваше на првото издание на Националниот детски фолклорен фестивал „ФолкКид“ во Поградец (ФОТО)

На 29 мај 2026 во Водениот парк „Дрилон“ се претвори во голема сцена на традицијата и културата, пречекувајќи го првото издание на Националниот детски фолклорен фестивал „ФолкКид“. Во оваа манифестација учествуваше и Македонската фолклорна група „Преспа“ од Општина Пустец која настапи во народни носии и изведе традиционални македонски ора од Преспа. На фестивалот учествуваа 12 детски фолклорни групи од Албанија, ...

Read More »

Осум години без Спасе Мазенковски големиот борец за правата на Македонците во Албанија

Поминаа осум година без Спасе Мазенковски големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист од село Леска, Мала Преспа и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Спасе ...

Read More »

СЗО предупредува: Нестабилноста во ДР Конго ја влошува епидемијата на ебола

Нестабилната безбедносна состојба во источниот дел на Демократска Република Конго претставува најголема пречка во борбата против епидемијата на ебола, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според него, само во текот на изминатиот месец околу 100.000 луѓе биле дополнително раселени поради вооружените судири, што значително го отежнува справувањето со ширењето на заразата, пренесе „Франце 24“. Тедрос престојуваше ...

Read More »