Author Archives: Весник Илинден

Македонците во Албанија го прославија празникот Св. Атанасиј Велики (ФОТО)

Македонците во Пустец, Мала Преспа, го одбележаа празникот Св. Атанасиј Велики, на голем број семејства овој ден им е домашна слава. Во црквата, која се наоѓа во село Пустец, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко. Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанскиот парламент. Редовно сум тука со моите ...

Read More »

Данската селекција е старо-новиот ракометен светски шампион

Данската селекција е старо-новиот ракометен светски шампион, откако избраниците на Николај Јакобсен триумфираа на Мундијалот во Египет и го одбранија освоеното злато пред две години. Репрезентацијата на Данска до вториот трофеј од светските ракометни собири стигна со триумфот над Шведска од 26-24 (13-13) во големото финале. Првиот дел од финалната пресметка помина изедначено. Данска само еднаш водеше два разлика, а ...

Read More »

70 Години од смрта на Павел Шатев 1882-1951

Павел Шатев е роден на 15 јуни 1882 година во Кратово, а умира на 30 јануари 1951 година во Битола. Павел Шатев е истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атенатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Бил и слободен ѕидар. Основното училиште ...

Read More »

Стерјовски оствари средба со Амбасадорот на Македонија во Тирана Марковски

  Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари работна средба со Амбасадорот, Данчо Марковски. На амбасадорот Марковски му изразив честитки за превземањето на функцијата амбасадор на Република Македонија во Република Албанија и му посакав успех во високата дипломатска должност. На средбата се разговара за ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: За фолклорниот фестивал на Македонците нема пари од албанското министерство за култура

Македонско друштво „Илинден“-Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Длабоко сме разочари и револтирани што Министертвото за култура на Албанија, не го прифати проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“ предложен од наша страна. Од име на Македонците остро реагираме за ...

Read More »

Гахлер: Владата во Тирана да не ја оцрнува ЕУ, туку да ги исполни условите за членство

Координаторот за надворешна политика и проширување во Европскиот парламент, Михаел Гахлер, ја критикуваше владата во Тирана за клевета, со што го направила својот однос непријателски кон Европската унија, пренесува агенцијата Балкан веб. Според истот извор осврнувајќи се на Турција, Гахлер го потсетува Рама дека мора да биде „внимателен со неевропските пазари и со земјите непријателски расположени кон Европа“. Тој исто ...

Read More »

Ким: Партиите во Албанија да не ставаат криминалци и корумпирани лица на кандидатските листи

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“, порача дека парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на 25 април треба да бидат фер и транспарентни. Таа ги повика политичките лидери внимателно да ги изберат кандидатите и да ги отстранат криминалците и корумпираните, зашто „албанскиот народ не треба да гласа за криминалци“. Лидерите ...

Read More »