На релацијата Скопје – Киев од недела 6-ти декември ќе биде воведена редовна авионска линија. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела. „Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонското меѓународно движење за човекови права: Македонија е во опасност време е да си помогнеме
Сите ние помагаме кога некој е во опасност. Сите помагаме кога некој е во неволја. Но што ако еден цел народ е во опасност? Другите заедници си помагаат бргу и без збор. Но дали Македонците го прават тоа? За жал, ние не си помагаме ни приближно колку што е потребно. ММДЧП е поинаква организација. Ние веќе 30 години сме во ...
Read More »Институтот за национална историја со осуда за оспорувањата на македонската историја и идентитет
Институтот за национална историја реагира во врска со, како што велат од таму, актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет. „Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата ...
Read More »Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Вистинската љубов е над човечките поделби и спротивставености
Поука на Неговото Преосвештенство Епископ г. Партениј, за Параболата за Милостивиот Самарјанин, искажана на монашки синасис во Бигорски Во Стариот Завет, браќа, читаме како, кога Каин од завист го убил брата си Авел, Господ го запрашал каде се наоѓал неговиот брат, сакајќи да го поттикне на покајание. Меѓутоа, братоубиецот Каин, помрачен, Му одговорил на Бога, поставувајќи со гнев едно контра ...
Read More »Ана Дукоска, Македонка од САД повикува на обединување (ВИДЕО)
Ана Дукоска, координаторка на глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“, преку видео обраќање од САД повика за семакедонско обединување против „продавањето на македонската историја и јазик на Бугарија“. Јас сум Ана Дукоска, Македонка, дел од македонскиот народ од којшто власта црпи легитимитет во нормално демократско општество. Како Македонка, јасно и гласно, недвосмислено, се изјаснувам против продавањето на македонската историја и ...
Read More »Откриени нови археолошки локалитети во Охридското Езеро
Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“ минатиот месец спроведе проект за подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро, насочен кон истражување локации од езерото за кои постоеја индиции за археолошки локалитети. Истовремено преку проектот биле истражувани и поединечни наоди, дефинирани границите на потенцијалните архолошки локалитети, нивно позиционирање со помош на ...
Read More »The New York Times: Израел стои зад убиството на архитектот на иранската нукеларна програма
Израел е одговорен за вчерашниот атентат врз главниот ирански нуклеарен научник, Мохсен Фахризадех, јави The New York Times, повикувајќи се на тројца неименувани разузнавачки службеници. Текстот на весникот е објавен откако неколку ирански официјални лица ја обвинија еврејската држава за неговото убиство. Весникот наведува дека не е јасно дали Вашингтон однапред знаел за нападот, но потсетува дека Израел и САД ...
Read More »Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз и донираа учебници за Македонците во Пустец
Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз, денес во Пустец, Албанија донираа учебници на македонски јазик за Македонците, ученици во заедничкото основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“. Донацијата од 540 книги и учебни материјали поточно комплети учебници, работни тетратки и збирки задачи по предметите Математика и Природни науки за учениците од прво до петто одделение, беше врачена од страна ...
Read More »Почнаа превентивни конзерваторски интервенции на манастирот во Матејче
Националниот конзерваторски центар – Скопје започна со превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче за ова културно добро да се заштити од надворешни влијанија во зимскиот период, напиша министерката. Кумановци со голем интерес ја следат секоја најава на надлежните институции за заштита на манастирот во Матејче. Претходно, министерката за култура на неодамнешната прес-конференција презентирајќи го предлог-буџетот на Министерството ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето на Албанија
Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden