Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 13 часот и 9 минути на длабочина од два километри со епицентар на осум километри од Скопје.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Сноуден бара руско државјанство
Поранешниот вработен во Националната агенција за безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден, наскоро ќе поднесе барање за руско државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена. „Тој ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање руско државјанство“, рече Кучерена, пренесе ТАСС. Кон крајот на октомври, Сноуден доби неограничена дозвола за престој од руските власти. Како службеник на ...
Read More »Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство
Претседателот на АА Зијадин Села верува во самоопределувањето на секој граѓанин и за тоа вели дека не треба да има дилема. Однесувањето на Бугарија за него е недозволиво во 21 век. Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу ...
Read More »Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ: Негирањето на континуитетот на македонскиот јазик за нас е духовна смрт
Она што денес се случува на релација Скопје – Софија е веќе видено. Според Хегел, сите факти и ликови во светската историја се случуваат двапати. Но по зборовите на Маркс, тој заборави да додаде: Првиот пат како трагедија, вториот пат како фарса. Тоа што денес се случува е фарса. За апсурдноста и бесмисленоста на бугарските пишувања и негирања пишувале многумина, ...
Read More »Рама: Во политиката сум случајно, отсекогаш сакав да бидам уметник
Албанскиот премиер Еди Рама (54) повтори дека тој е во политиката случајно и дека отсекогаш сакал да биде уметник. „Отсекогаш ме исполнувал животот на уметниците, сликарите и професорите по ликовна уметност, толку многу што никогаш немав амбиции да бидам премиер“, изјави Рама за француски „Форбс“, пренесува порталот „Егзит“. Тој вели дека долго се двоумел дали да влезе во политиката кога ...
Read More »Трет повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија
Денеска беше презентиран третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На онлајн-настанот зборуваа амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир и Луиџи Сорека, амбасадор на Европската унија во Албанија. Тие официјално го претставија третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Можностите за финансирање на проекти во рамките на овој повик ги ...
Read More »Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: Македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање
Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет, стои во дел од изјавата која денеска ја испрати Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова е прва реакција откако Бугарија става вето на евроинтегративниот пат на Македонија. Во изјавата ...
Read More »Автомобил прегази група луѓе на пешачка зона во Германија (ВИДЕО)
Најмалку две лица загинаа, а околу десет се повредени кога автомобил удрил во нив во пешачка зона, во градот Трир во западна Германија, соопшти полицијата. Како што пренесува РТЛ, над местото на несреќата кружи хеликоптер, а училиштата во близина се заклучени и следат протокол за случај на можен терористички напад. Еден од очевидците рекол дека голем сив „Ренџ Ровер“ поминал ...
Read More »Бугарија е единствената источноевропска членка на ЕУ што не ги признава малцинствата
Во барабанот кој сега акцелерира со сè поголема брзина на релација меѓу Бугарија и Македонија, се уфрлени сите можни точки на допирање и раздвојување во регионот – историските личности, малцинствата и нивните јазици, претензиите кон соседни територии и култури. Останува да се види дали очекувањата на Софија да ја извлече добитната комбинација од балканскиот барабан ќе завршат сепак само како ...
Read More »Командант на Иранската револуционерна гарда убиен во воздушен напад
Командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) е убиен викендов во воздушен напад на границата на Ирак и Сирија, соопштија ирачки безбедносни и локални претставници на милицијата за „Мидл ист ај“. Официјалните лица не можеа да го потврдат идентитетот на командантот, за кого рекоа дека бил убиен заедно со уште тројца мажи кои патувале со него во возило. Возилото пренесувало оружје ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden