Националниот совет за труд, кого го сочинуваат седуммина министри од албанската влада, одлучија висината на минималната плата да се зголеми за 15,4 осто. Според министерката за финансии и економија, Анила Денај, која раководеше со седницата, тоа со цел „одржување на животниот стандард за вработените и во државниот и во приватниот сектор“. Минималната основна плата на ниво на држава, се предлага ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Словачка донација за Македонија
Донација вредна околу 200 илјади евра составена од 15 големи шатори, генератори, хигиенски пакети, заштитни маски FFB2 и FFB3, обезбедени од Словачка за Македонија преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, како поддршка во борбата против КОВИД – 19. Ние работиме по принципот на солидарност на Европската унија. Македонија ја сметаме за една од најпријателските земји со која не ...
Read More »Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев
Делегација на Општина Пустец, Мала Преспа, предводена од градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев. На средбада беа разменети мислења и искуства околу аплицирањето во Европските фондови, можности за прекугранична заедничка соработка, инвестирања и слично. Оваа заедничка средба претставува темел за понатамошната меѓусебна соработка во иднина меѓу Општина Пустец и Општина Кавадарци .
Read More »Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,9 тони
Србија за една година ги зголемила своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 31.3 тони во вредност од 1,66 милијарди евра, додека Хрватска, нема ни грам. Од друга страна, некои земји во регионот го користеа своето злато како залог за заем. Податоците од World Gold Council (Светски совет за злато), најточна база на информации ...
Read More »Tринаесет години од трагичнaта смрт на Тоше Проески
Тоше Проески на денешен ден пред тринаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. И оваа година во спомен на Тоше Проески вкупно десет маратонци ќе трчаат и ќе пристигнат во Крушево во петок, на 16-ти октомври на пладне. Заради пандемијата со коронавирусот оваа година маратонот ќе се одржи на територија на ...
Read More »Данчо Марковски ќе биде новиот амбасадор на Македонија во Албанија
Промовирање на политика на добрососедство и следење на севкупните општествени состојби во Албанија, зголемување на економско-трговската соработка, ребрендирање на културното претставување на Македонија и создавање нов имиџ и поимање нашата земја, како и спроведување нов концепт во работата и активностите на амбасадата со Македонците и нивните друштва и здруженија во Албанија, се приоритетите на кои ќе се фокусира идниот амбасадор ...
Read More »Стерјо Спасе ќе добие музеј во родното село Глобочани, Мала Преспа
Во селото Глобочани, општина Пустец почна реализацијата на проектот за реконструкција и уредување на старата училишна зграда,која во иднина ќе биде музеј на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе,кој е родум од ова малопреспанско село. Благодарение на големата поддршка од Европската унија и преку проектот SMART CUL TOUR старата училишна зграда во која се школувал Стерјо Спасе, еден ...
Read More »Претседателот Пендаровски го одликуваше Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Македонија (ВИДЕО)
Претседателот Стево Пендаровски денеска го одликува Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Македонија, за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонесот во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, за грижата за уметничките реткости и за постојаните социјални и хуманитарни активности. Во продолжение е обраќањето на претседателот Пендаровски на свеченоста по повод одликувањето на ...
Read More »Управата за хидрометеоролошки работи: Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
За два сантиметра е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 1,36 метри кај Преспанското и за 14 сантиметри кај Охридското Езеро, ...
Read More »Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ: Борбата за слободата на новинарите е грижа на сите
Комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ, изјави денес дека неказнивоста за злосторства против новинари не смее да се прифати како статус кво во демократските општества и дека борбата за слободни новинари мора да стане грижа на сите. На собирот по презентацијата на книгата „Информативна мисија: Новинарите во ризик зборуваат“, организирана од Советот на Европа, Мијатовиќ рече дека бројот на убиени ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden