Author Archives: Весник Илинден

Помпео ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид (ВИДЕО)

Помпео беше пречекан од поглаварот на Македонската православана црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и владиката Дебарско-кичевки, Тимотеј. При посетата на црквата „Света Богородица Перивлепта“,  Помпео беше придружуван од помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс и советниците Мери Кисел и Рики Вадел. Црквата „Света Богородица Перивлепта“, како значајно црковно и културно богатство, неодамна беше реновирана ...

Read More »

Турската полиција запленила 2 тони ГМО марихуана од Албанија

Рекордна количина од речиси два тони генетски модифицирана марихуана се запленети од турската полиција во два минибуси кои ги возеле Албанци. Возилата кои полицијата ги запрела превезувале текстилни прозиводи, но со проверка биле откриено дека во транспортот имало и 1,88 тони дрога. Генетски мопдифицираната марихуана била спакувана во куфери во автобусите на двајца странци, чиј идентитет не се сопштува. Турските ...

Read More »

Министерката за правда Рената Дескоска во Тирана се сретна со пратеникот Васил Стерјовски

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција,МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, денеска во Тирана, во просторте на законодавниот дом, се сретна со македонската министерка за правда Рената Дескоска. Министерката Дескоска најпрво најискрено му го честиташе изборот за пратеник и му посака успех во извршување на пратеничкиот мандат. Констатиравме дека заеднички интерес на Република Македонија и Република ...

Read More »

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска на Конференција во Тирана

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска во Тирана учествува на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice“, која е организирана од страна на Министерството за правда на Република Албанија во соработка со Советот за регионална соработка (RCC). На форумот ќе се дискутира околу исполнувањето на европските стандарди и реформите во областа правда, унапредување на владеењето на ...

Read More »

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски го прими Мајк Помпео, државен секретар на САД (ВИДЕО)

Денеска во „Вила Билјана“, во Охрид, Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски го прими Мајк Помпео, државен секретар на Соединетите Американски Држави. Претседателот Пендаровски рече дека посетата на државниот секретар на САД, Помпео, во исклучително важен период за нашата земја, е потврда за пријателството меѓу САД и Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија. „САД е нашиот стратешки ...

Read More »

Македонија: Претседавачот на Воениот Комитет на Европската Унија, во посета на Генералштабот на Армијата

Претседавачот на Воениот Комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грациано во рамки на неговата официјална посета на Армијата на Република Македонија, која е прва посета на председавач на воен комитет на ЕУ на  нашата држава, денес престојуваше во Министерството за одбрана и генералштабот на Армијата. По пречекот  со високи воени почести генералот Грациано оствари средби со својот домаќин, началникот на ...

Read More »

Фондацијата Трајче Мукаетов го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2019 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-12/1 ...

Read More »

Русија го презеде претседателството во Советот за безбедност на ООН

Претседателството на Советот за безбедност на ООН месечно ротира меѓу своите членки по азбучниот ред на имињата на државите на англиски јазик. Русија во септември ќе го води претседателството на Советот за безбедност на ООН, што годинава се совпаѓа со отворањето на 74-та седница на Генералното собрание (17 септември) и нејзиниот најважен дел, „неделата на високо ниво“. За тоа време, ...

Read More »

Русија и помага на Кина да направи систем за предупредување од ракети

  Русија и помага на Кинa да направи систем за предупредување од ракетни напади, каков што моментално имаат само САД и Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Ние сега им помагаме на нашите кинески партнери да развијат систем за предупредување од ракетни напади. Ова е многу сериозна работа, која драматично ќе ги подобри одбранбените капацитети на Народна Република Кина, рече Путин ...

Read More »

САД и доделија на Албанија 920.000 долари за реформирање на затворскиот систем

Соединетите Американски Држави и доделија на Албанија дополнителни 920.000 долари за подобрување на Акцискиот план за затворите за 2019 годна. Подобрениот затворски систем е од суштинско значење за континуираните напори на Албанија за зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. На 1 октомври, Соединетите држави издвоија дополнителни 920.000 американски долари за поддршка на програмите за спроведување на ...

Read More »