Author Archives: Весник Илинден

Бундесбанк: Германската економија забележува пад

Германската Бундесбанк предупреди дека германската економија ќе влезе во рецесија во третиот квартал поради „драстичниот“ пад на индустриското производство, што се должи на тензиите на меѓународните пазари. „Економијата може повторно лесно да се намали ова лето“, се наведува во месечниот извештај на централната банка на Германија. Документот покажува дека е забележан пад од 0,1 процент на бруто домашниот производ во ...

Read More »

Албанија нуди и стоматолошки туризам

Албанија не е само популарна туристичка дестинација, туку е на добар пат да стане посетувана земја и поради ниските цени на медицинските услуги, проценуваат албанските медиуми. Премиерот Еди Рама ја поддржува оваа заложба и пренесувајќи ги впечатоците на задоволните туристи, ја промовира Тирана како главен град на убавината и насмевките, пренесува АТА. „Со насмевките на многуте туристи што ја избираат ...

Read More »

Македонија: Алкалоид инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети

Новите производни одделенија ќе се простираат на површина од 7.000 м² и ќе создадат услови за реализирање на околу 200 нови вработувања. Посветеноста на перманентниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата, се главните причини поради кои во изминативе дваесет години „Алкалоид АД Скопје“ – Македонија се задржа на курсот за континуирано инвестирање вложувајќи ...

Read More »

Донирани книги за Македонците во село Ербеле, областа Полени – Маќеларе (ФОТО)

Македонско друштво “Илинден”-Тирана во соработка со Културниот центар “Скрб и утеха“ од Скопје, Македонија и г-ѓа Соња Фениче, донира книги за Македонците во село Ербеле, донацјата го прими Ернест Постоли, Македонски активист од село Ербеле, областа Полени, Маќеларе, книгите се на Македонски јазик за деца, и историски книги. Книгите се распределени на големиот празник Св.Преображение и дел од книгите ќе ...

Read More »

Денес е голем празник: Преображение Господово Христово

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 август. Денеска е Преображение Господово. Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста ...

Read More »

Македонија: Божествена Литургија на врвот Голем Крчин (2341 м)

Четврта година по ред како нашето братство од Бигорскиот манастир и нашите сестринства од манастирите на Светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, предводени од благословот на возљубениот ни Старец, Архимандрит Партениј, со најпосебна љубов и возвишени чувства отслужија Божествена Литургија на врвот Голем Крчин (2341 м). Повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти – притекнаа од сите страни ...

Read More »

Египет е сензационален победник на кадетското СП во Скопје

Ракометната репрезентација на Египет до 19 години е светски шампион во оваа конкуренција откако во финалето на првенството што се одржуваше во Скопје ја победи Германија со 32-28 полувреме 19-13. Најдобар стрелец за Египет беше Валид Ахмед со осум гола, исто толку постигна и Хешам Елсајед, додека Осман реализира осум пати. Кај Германија, Медеб беше најдообар со седум гола, а ...

Read More »

Одбележен денот на Армијата на Македонија

Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата, со пригоден говор ќе се обратат претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. На свеченоста ќе присуствуваат претставници од ...

Read More »

Албанската опозиција по одморите продолжува со протестите

  Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша најави дека обединетата албанска опозиција во септември ќе продолжи со националните протести. Додаде дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и оти „времето да се поднесе сметка се приближува“. Баша најави ека во септември ќе го потпише договорот за доверба со жителите на населбата „Астир“ чии домови според проектот на Владата треба ...

Read More »

Албанија: Сопственик на бар качен на шофершајбната на комбето ги тероризира шпански туристи (ВИДЕО)

Видеото снимено од шпански туристи на патот што води кон туристичкиот центар Саранда ќе ја чини Албанија огромен број странски туристи догодина. Сопственик на бар качен на хауба од возилото во движење се обидува да ја скрши шоферпајбната и да влезе да се пресмета со туристите. Тие пак советувани од нивни пријател од Албанија кој е со нив во возилото ...

Read More »