Од денеска до сабота во Драч ќе се одржи меѓународна конференција за регионална соработка на која ќе учествуваат експерти од областа на безбедноста и здравјето при работа, претставници од компании и вработени, претставници на влади и социјални партнери кои се активни учесници во областа на безбедноста и здравјето при работа. Конференцијата е клучен настан на Балканот за размена на информации ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Програма на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија”
Во организација на Македонското друштво „Илинден“- Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија по првпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Фествалот не само што се одржува за првпат, туку за првпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои ...
Read More »ТАВ го промовира охридскиот аеродром во Албанија
ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија. Дополнително од промоцијата на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија денеска на туристичките агенции во ...
Read More »Македонците во Мала Преспа барат да се гради погон за откуп и преработка на шумски печурки (ВИДЕО)
https://www.youtube.com/watch?v=H_q9m_KM_Xs&feature=share
Read More »Предвремените парламентарни избори во Грција се планираат за 7 јули 2019
Портпаролот на грчката влада Димитрис Џанакопулос изјави за телевизијата “Алфа” дека предвремените парламентарни избори се планира да се одржат на 7 јули оваа година. “Одлуката на премиерот е предвремените избори да се одржат на 7 јули. Причината за оваа одлука е потполно да се обезбеди да не дојде до одреден проблем во испитите за прием на универзитет.” – рече Џанакопулос. ...
Read More »Почна процесот на консултации за програма за соработка помеѓу Македонија и Албанија во рамките на ИПА 2014 -2020
Оперативните структури на двете земји кориснички, Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, како и Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, започнаа процес на консултации, со цел прибирање на идеи за стратегиски проекти, во ИПА прекуграничната програма помеѓу Република Македонија и Албанија, која се имплементира во рамките на инструментот ...
Read More »Светите Кирил и Методиј ја сметале Македонија за своја татковина
Сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, денес во современиот свет се единствените личности кои можат да се дефинираат како мост меѓу вечниот ривалитет на Источна и Западна Европа. Ако нивната просветителско-христијанска мисија беше столбот на едниот крај од Европа, одлуката на папата Иван Павле Втори да ги прогласи за созаштитници на Европа е столбот од тој мост на другиот крај ...
Read More »Пратеникот Стерјовски побара од владата поголема грижа за општина Пустец
Во обраќање во албанскиот Парламент, пратеникот од единствената македонска партија, МАЕИ, Васил Стерјовски, побара од албанската Влада поголема грижа и инвестиции во Пустец. Не сакам да се занимавам со причините зошто последните 28 години општина Пустец, која е една од најубавите природни бисери, останува меѓу најсиромашните во земјата, но и напуштена од државата. Владата во соработка со локалната власт треба ...
Read More »Албанската полиција во соработка со Фронтекс откриени мигранти
Албанската гранична полиција во соработка со Фронтекс во изминатите два дена откри 43 мигранти, кои на албанска територија влегле преку зелениот појас на границата со Грција. По извршените неопходни проверки и дадените изјави во Управата за граница и миграција, тие се транспортирани во Центарот за азил во Бабру, кај Тирана. Во близина на селото Трестеник, кај градот Девол, откриени се ...
Read More »„Езерската средба – Охрид 2019” во Поградец
Изминатиов викенд, во Поградец, на албанската страна од Охридското Езеро, во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините Охрид и Дебрца, како и локалната асоцијација на албанското Здружение за Поградец, се одржа вториот дел, од Втората „Езерска средба – Охрид 2019”. Првиот дел се одржа во Охрид, под покровителство на локалната самоуправа, односно ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden