Бројот на заразени во Албанија се зголеми на 243, излекувани 52, починале 13 лица

Во Албанија се зголемува бројот на заразените од „Ковид-19“,на излекуваните,но за жал и на починатите. -Во последните 24 часа од тестираните 145 сомнителни случаи позитивен резултат има кај 20 од нив, со што вкупната бројка на заразени од „Ковид-19“ во земјава се зголеми на 243 лица,од тестираните 1.671 лице. Синоќа и утрово во Инфективната болница починаа двајца пациенти, 82-ве годишна жена од Тирана и 62-ен маж од Драч, со што бројот на почнатите се зголеми на 13-сет лица,изјави Мира Ракацели, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Добрата вест е, рече таа, дека во последните 24 часа имаме 8 излекувани пациенти со што бројот на излекувани се зголеми на 52 лица. -Ве информираме дека во моментов 77 пациенти се хосптализирани во Инфектвната клнка во Трана, од нив 8 се на интензивна нега, додека пак тројца од нив се интубирани. Останатите се во стабилна состојба до овој момент, рече Ракацоли. Најголем број од заразените се од Тирана или 129 лица, потоа од Драч 26, Фиер 23, Корча 15, Скадар 8, по пет од Елбасан, Валона, Лежа и Круја, по четири од Лушња, Каваја и Тропоја, од Пук тројца, по двајца од Рогожина, Хас и Мирдита и еден од Берат.

Advertisement