Германското стопанство бележи пад од 2,2 отсто во првиот квартал оваа година во споредба со истиот период во 2019 година. Федералниот завод за статистика на Германија денеска соопшти дека тоа е најголем квартален пад на економијата по глобалната финансиска криза 2008-2009 година. Според податоците, најлоши се резултатите кај личната потрошувачка и извозот. Инвестициите во градежниот сектор и јавната потрошувачка придонесле да се ...
Read More »Економија
Корона-кризата ја турна Германија во рецесија
Воведениот „карантин“ во средината на март предизвика БДП во првиот квартал да се намали за 2,2 проценти. Во вториот квартал се очекува уште поголем пад на економијата, зашто тогаш беа воведени најголеми рестрикции. „Ова е најсилното назадување по глобалната финансиска и економска криза во 2008/2009 година и втор по големина пад по германското обединување”, изјави Алберт Бракман од Германската служба ...
Read More »Македонија со извоз на вино вреден 51,8 милиони долари е 29-ти најголем извозник во светот
Во текот на изминатата 2019 година Македонија извезла вино во вредност од 51,8 милиони долари, што е намалување за 13,9% во споредба со извозот на вино во претходната 2018 година, кога извозот изнесувал 60,2 милиони долари. Македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот, но во последните неколку години има успешни обиди за извоз на вино и во други ...
Read More »Германија проектира рецесија од 6,3 отсто, целосно закрепнување на почетокот од 2022-та
Германската влада смета дека годинава економијата ќе биде во рецесија и пад на бруто домашниот производ (БДП) од 6,3 отсто, соопшти во средата германскиот министер за економија Петер Алтмаер. „Последиците од коронакризата предизвикуваат драстрична рецесија на нашата економија по десет години последователен раст“, изјави министерот за економија Алтмаер при претставувањето на економските процени на германската влада. Истовремено министерот очекува и ...
Read More »Бритиш ервејс ја прекинува работата за 36.000 вработени
Авиокомпанијата постигнала договор со синдикатот на индустријата и барат итен прекина на работата за околу 80 проценти од екипажот во авионите, приземниот персонал, инженерите и оние кои работат во седиштето на компанијата, објави Би-Би-Си, истакнувајќи дека екипажот не се очекува да биде отпуштен. Разговорите со синдикатите се уште се во тек, се вели во соопштението на британскиот „Ервејс“. „Бритиш ервејс“, ...
Read More »Во Канада бензинот е поевтин од литар вода
Во Канада засега нема никакви недостатоци, освен тоалетна хартија, a цената на бензинот е пониска од цената на литар вода. Професор д-р Борис Сакиќ, професор на универзитетот Мек Мастер, вели дека ситуацијата во Канада е стабилна и дека смртноста е околу еден процент. „Во моментов има околу 3.400 пациенти и 31 починати лица. Преземени се владини мерки за затворање на ...
Read More »Централна банка на Албанија одлучи да ја намали основната каматна
Централна банка на Албанија одлучи да ја намали основната каматна стапка за 0,5 отсто од сегашната 1 отсто, како мерка за минимизирање на последиците од состојбата создадена од коронавирусот. Ова е неопходна мерка за да се намалат трошоците за ново задолжување. Тоа е мерка за минимизирање на последиците од пандемијата со коронавирусот. Во тие рамки исто така одлучено е одложување ...
Read More »Пет златни медали за Винарија Камник од германскиот Мундус Вини
Годинешниот 26-ти меѓународен вински натпревар Мундус Вини донесе нов блескав успех за винарија Камник, со освоени пет златни медали, за пет различни црвени Камник вина. На овој престижен светски вински натпревар кој се одржа во Нојштад, Германија, учествуваа приближно 7500 примероци вина од 45 земји, а ги оценуваа 268 реномирани судии-експерти од 54 земји според системот на 100 поени и ...
Read More »Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места
Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места, значително повеќе од првично планираните, да ги намали трошоците и да мине низ тешкиот период во автомобилската индустрија, јавуваат германските медиуми. Главниот извршен директор Ола Каелениус треба утре да го објави кратењето на работни места, паралелно со објавувањето на деловните резултати, пишува деловниот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на неименувани извори ...
Read More »Кина најавува големи инвестиции во Македонија
Кина планира големи инвестиции во Македонија, пред се инфраструктурата, енергетиката, и образованието, најави кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо. Оваа далечна источна земја ги финансираше двата автопати од Скопје до Штип и Кичево-Охрид, но сега во фокусот е иницијативата наречена „Појас и пат“. Дел од неа е и планираната изградба на брза железница која би требало Солун да го поврзе ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden