Култура

Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

Книгата „Македонски визуелен идентитет” дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“ од македонската уметница, дизајнерка и професорка Гордана Вренцоска ќе биде промовирана онлајн во вторник (23 март) во 19 часот на страницата на „Фејсбук“ на издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова дело е реализирано со поддршка на Министерството за култура и општина Виница, а е достапно во ...

Read More »

Излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин

Во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин. Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот. Делото „Македонците во Светот“ од Слааве Катин е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, ...

Read More »

Прва самостојна фото изложба на Игор Христов во Македонскиот културен центар во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена фотографската изложба на Игор Христов „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“. „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ е документарна фото изложба од 20 дела, фотографирани во три држави: Тајланд, Перу и Еквадор. Темата која ја обработува изложбата е од социјален карактер и следи луѓе кои спијат во јавна околина: по ...

Read More »

Промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија“ во Тетово

Во Тетово вечерва беше промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија попис од XIX век – Скопски санџак, Тетовска каза 1832/33″ од авторите Аднан Шериф, Музафер Бислими и  Миревете Ибраими од Државниот архив на Република Македонија. Ова дело е прва книга и прв том, издадено на македонски и албански јазик. „Станува збор за книга со документи од Османлиската држава ...

Read More »

„Верковиќев апостол“ – книга со анализа на ракопис од 14 век со македонски-црковнословенски дијалект

Пред тетовската публика првпат беше претставена книгата „Верковиќев апостол“ од доцент д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни од Универзитетот во Тетово која е излезена од печат во 2019 година. Станува збор за значајно дело кое обработува ракопис од 14 век на монашки писец, за кој двајцата автори прават анализа на правописно-фонолошките особености. Презентацијата на книгата беше извршена вчера ...

Read More »

Интернет-саем на кинески книги на „Македоника литера“

Од утре до 16 февруари, друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, по повод Кинеска Нова година, ќе одржи интернет-саем на кинески книги, изданија на „Македоника литера“. На овој петдневен е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика. Меѓу другото, ги има објавено најпознатите филозофски класици, а ...

Read More »

120 години од раѓањето на А. ден Долард кој живеел во Охрид и пишувал за Македонија

А. ден Долард (хол. A. den Doolaard) е псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (холандски: Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.) роден во градот Зволе на 7. февруари 1901. Автор е на бројни книги од различен жанр: романи, патописи, раскази, поезија...  Ден Долард учел во гимназијата во Хаг. По смртта на татко му работел како сметководител во нафтено претпријатие (1920-1928). Во 1926 со една стихозбирка го прави своето деби на полето на ...

Read More »

Монографија за 70-годишен јубилеј на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

  Како резултат на 70 години постоење и работа на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во 2020 година е објавена монографијата „70 години 1950 – 2020“. Ова дело е во издание на Институтот, во редакција на д-р Зоранчо Малинов и д-р Катерина Петровска-Кузманова. Како што информираат од Институтот, свечената промоција ...

Read More »

Електронски конјугатор на глаголи на македонски јазик

„Вигна.мк“ е нов, автоматски конјугатор на глаголи. Ваквата електронска алатка дозволува глаголска конјугација според Правописот на македонскиот јазик, а глаголите се менуваат според свршената, несвршената и двовидската парадигма. Главен истражувач на „Вигна.мк“ е Владимир Цветковски, а на интердисциплинарниот проект работеле и истражувачките Катарина Ѓурчевска Атанасовска и Соња Китановска Кимовска. Изработката на оваа електронска алатка за македонски јазик траела 5 години, почнувајќи ...

Read More »

Киндл верзијата на романот „Анатомија на бумбарот“ од Марковски на водечка позиција во категоријата Источноевропска литература на Амазон

Романот „Анатомија на бумбарот“ (анг. The Bumblebee Anatomy) од македонскиот писател Стефан Марковски неделава се искачи на првата позиција во категоријата Источноевропска литература во „Киндл“ продавницата на најголемата е-платформа за продажба на книги, Амазон. Објавата на романот е на англиски јазик во рамки на програмата за независно издаваштво Kindle Direct Publishing, а покрај Киндл верзија вклучува и печатена верзија. Преводот ...

Read More »