Култура

Почина пејачот и композитор Зафир Хаџиманов

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина  како последица на  вирисот Ковид-19. Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград. Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар. Зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Read More »

Чествување за 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во седиштето на УНЕСКО во Париз (ВИДЕО)

Високи дипломатски претставници во УНЕСКО од Албанија, Франција, Чешка, Словенија, Србија, Тунис и Шведска денеска прочитаа дел од поезијата на Блаже Конески на настанот организиран во седиштето на УНЕСКО во Париз по повод 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески и Светскиот ден на поезијата – 21 Март. Поезија од Конески на македонски читаше Ѓоко Здравески, лектор ...

Read More »

Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

Книгата „Македонски визуелен идентитет” дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“ од македонската уметница, дизајнерка и професорка Гордана Вренцоска ќе биде промовирана онлајн во вторник (23 март) во 19 часот на страницата на „Фејсбук“ на издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова дело е реализирано со поддршка на Министерството за култура и општина Виница, а е достапно во ...

Read More »

Излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин

Во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин. Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот. Делото „Македонците во Светот“ од Слааве Катин е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, ...

Read More »

Прва самостојна фото изложба на Игор Христов во Македонскиот културен центар во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска ќе биде отворена фотографската изложба на Игор Христов „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“. „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ е документарна фото изложба од 20 дела, фотографирани во три држави: Тајланд, Перу и Еквадор. Темата која ја обработува изложбата е од социјален карактер и следи луѓе кои спијат во јавна околина: по ...

Read More »

Промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија“ во Тетово

Во Тетово вечерва беше промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија попис од XIX век – Скопски санџак, Тетовска каза 1832/33″ од авторите Аднан Шериф, Музафер Бислими и  Миревете Ибраими од Државниот архив на Република Македонија. Ова дело е прва книга и прв том, издадено на македонски и албански јазик. „Станува збор за книга со документи од Османлиската држава ...

Read More »

„Верковиќев апостол“ – книга со анализа на ракопис од 14 век со македонски-црковнословенски дијалект

Пред тетовската публика првпат беше претставена книгата „Верковиќев апостол“ од доцент д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни од Универзитетот во Тетово која е излезена од печат во 2019 година. Станува збор за значајно дело кое обработува ракопис од 14 век на монашки писец, за кој двајцата автори прават анализа на правописно-фонолошките особености. Презентацијата на книгата беше извршена вчера ...

Read More »

Интернет-саем на кинески книги на „Македоника литера“

Од утре до 16 февруари, друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, по повод Кинеска Нова година, ќе одржи интернет-саем на кинески книги, изданија на „Македоника литера“. На овој петдневен е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика. Меѓу другото, ги има објавено најпознатите филозофски класици, а ...

Read More »

120 години од раѓањето на А. ден Долард кој живеел во Охрид и пишувал за Македонија

А. ден Долард (хол. A. den Doolaard) е псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (холандски: Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.) роден во градот Зволе на 7. февруари 1901. Автор е на бројни книги од различен жанр: романи, патописи, раскази, поезија...  Ден Долард учел во гимназијата во Хаг. По смртта на татко му работел како сметководител во нафтено претпријатие (1920-1928). Во 1926 со една стихозбирка го прави своето деби на полето на ...

Read More »

Монографија за 70-годишен јубилеј на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

  Како резултат на 70 години постоење и работа на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во 2020 година е објавена монографијата „70 години 1950 – 2020“. Ова дело е во издание на Институтот, во редакција на д-р Зоранчо Малинов и д-р Катерина Петровска-Кузманова. Како што информираат од Институтот, свечената промоција ...

Read More »