Култура

„Медена земја“ во рамки на „ПРО-ЗА Балкан“

Документарниот филм со извонреден меѓународен успех, „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефановски, вечер во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотеката. Филмот е дел од дополнителната програма на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“. Веднаш по филмот, публиката ќе може да проследи видеообраќање на хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ, кој е голем поддржувач на најуспешниот македонски документарец досега. Фестивалот „ПРО-ЗА ...

Read More »

Македонскиот документарец “Кеиф“ на фестивали во Поградец, Белград и Измир

Македонскиот документарец „Кеиф“ во продукција на „Авард филм и видео“ и во режија на Блаже Дулев, на 24 септември ќе биде прикажан на фестивалот за музички документарен филм „Док енд ритам“ во Белград, а во средината на октоври филмот ќе биде дел и од фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, Турција. На 15 септември тој беше прикажан и на „Балкан ...

Read More »

Промовирана книгата „Вековит Светилник“ од проф. д-р. Вера С. Антиќ во чест 1000 – годишнината на Бигорски

Бигорското Светилиште беше сведок на уште едно радосно собитие. Прекрасната долгогодишна соработка на бигорскиот старец и игумен, Епископ Партениј и на неговите монаси со во светски рамки познатиот славист и драг пријател на Манастирот, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, беше запечатена со една топла и за присутните гости душеполезна промоција на нејзината најнова книга, наречена Вековит Светилник, што се одржа во ...

Read More »

„Јазичен мозаик“ – нов лингвистички труд на Васил Дрвошанов

„Јазичен мозаик“ е насловен новиот лингвистички труд на Васил Дрвошанов, заедничко издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Книгоиздателството „Бата прес милениум“. Публикацијата содржи 43 написи распоредени во шест поглавја, поврзани со различни прашања од областа на македонската наука за јазикот, објавувани во периодиката во изминатите четириесетина години. Заеднички именител на сите прилози е истоветниот поглед на ...

Read More »

Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик. Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за ...

Read More »

Во Битола отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“

Изложба „1000 години Бигорски манастир“ во која се преставени 17 икони-копии, две фрески и една плаштеница од Бигорски манастир синоќа беше отворена во Битола во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Изложбата е придонес на НУ Центар за култура и јубилејните 50 години на фестивалот „Илинденски денови“ кон јубилејот на Бигорскиот манастир основан во 1020 ...

Read More »

Излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик

Во издание на „Хаемус“ излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик. Автор на ова најново издание на „Хаемус“ е Василка Димитровска. Водичот дава хронолошки преглед на средновековните цркви и манастири во скопскиот регион, групирани по географски целини: околу Водно, Матка и на Скопска Црна Гора. Опфатени се информации за 14 позначајни објекти во однос на нивната архитектура и ...

Read More »

Почина младиот македонски фолк пејач Емрах Мехмеди

Денес неочекувано почина младиот македонски фолк пејач Емрах Мехмеди од Жировница, роден на 9 август 1990 година во Дебар. Завршил факултет за музичка уметност во Скопје. Како што се дознава, Емрах животот го изгубил во несреќен случај, паѓајки од скеле. Емрах важеше за млад и надежен македонски пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Зад ...

Read More »

Исмаил Кадаре ја доби наградата „Прозарт“ 2020 на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

Наградата „Прозарт“, која Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ му ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, оваа 2020 година му припадна на големиот албански писател Исмаил Кадаре за неговиот импозантен повеќедецениски романсиерски и есеистички опус, кој редовно предизвикува највисоки одгласи кај европската и светската критика. Поради неможноста фестивалот да се одржи во вообичаениот ...

Read More »

Проф. Илија Велев: Свети Кирил и Методиј кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик

Повеќеслојната историска претстава за св. Кирил и Методиј нема до крај да биде проследена и културолошки презентирана доколку не се согледа и нивната улога како устроители на првото словенско писмо – глаголицата, но и како кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик. Ваквиот висок цивилизациски и културолошки чин се иницирал и се реализирал во функција на подготовките и спроведувањето на ...

Read More »