Култура

Македонскиот културен центар во Софија ќе го одбележи Европскиот ден на јазиците

Европскиот ден на јазиците, празник прогласен од Советот на Европа и поддржан од Европската унија на 6 декември 2001 година, оваа  година во Софија ќе биде одбележан со манифестацијa во Националниот музеј „Земјата и луѓето“  на 26 септември, со почеток од 17:00 часот. КИЦ на Македонија во Софија за трета година по ред ќе учествува на оваа значајна манифестација, која ...

Read More »

Македонија: Излезе од печат двотомната студија “Македонско (античко) Царство” од д-р Петар Поповски

Од печат излезе двотомната студија “Македонско (античко) Царство. Прва организирана општествена заедница на нашата планета“ од д-р Петар Поповски. Овој научен труд е граден врз автентични извори кон кои кривотворната антинаучна рака на Дивиот Запад и на неговата псевдо-наука и квази-историографија, барем досега, не успеала да посегне и да ги испогани. Овој научен труд на д-р Петар Поповски како и ...

Read More »

Македонски традиции: Тешкото, неговите корени, рожбата

Со голема мака се заработувале пари во туѓина. Суровиот и тежок печалбарски живот ги правел печалбарите издржливи, снаодливи и духовно бистри. Такво им е и орото. Во почетокот тешко, многу тешко, потоа издржливо. Снаодливо и атрактивно во средината. И брзо, фуриозно, но затоа духовно богато на крајот. Играорецот од Лазорополе е уникатен во својот играчки израз. Тој умее и ги ...

Read More »

Македонија: Втора меѓународна уметничка колонија – „Трпејца 2019“

    Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од 2 до 6 септември во Трпејца се одржува второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“. Заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски, веќе три дена, творат и  Дражен Конатар од Бјело Поље, Црна Гора, Јовица Костиќ и Владисав Богичевиќ од Ниш, Србија и Петрит Лараку ...

Read More »

Македонија: Меморијал во чест на иконописецот Дичо Зограф во Тресонче

Во малореканското село Тресонче, денес и утре (31 август и 1 септември) се одбележуваат 200 години од раѓањето на најпознатиот македонски иконописец Дичо Зограф. Меморијалот во негова чест ќе опфати повеќе културни и спортски настани и активности, а го организира здружението на граѓани „Брзовец“. Програмата започнува денес во 10 часот, со трка во планинско трчање „Бистра Trail Run 2019″, додека ...

Read More »

Македонскиот документарец „Медена земја“ кандидат за Оскар

Македонскиот документарец „Медена земја“, кој веќе тримфираше на најголемиот американски фестивал за независни филмови „Сандес“, со три освоени награди, ќе биде и македонски кандидат за „Оскар“. Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, при Друштвото на филмски работници на Македонија во состав на: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска ...

Read More »

Куќата на Пресвета Богородица во Ефес

Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, Турција е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите. Според Библијата, Исус ...

Read More »

Излезе книгата „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија”

Неодамна од печат излезе книгата „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија” од д-р Јован Јоновски. Во воведниот дел од темата, авторот накусо го дефинира основниот предмет на неговиот научен интерес за избор на конкретната тема, како и целите и задачите на истражувањето,  кои преку соодветна теориска рамка ги осветлуваат процесите на појава и развој на ...

Read More »

Денска почнува 31-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Вечер, од 21,00 часот, со настапот на вокалистката Евгенија Здравевска (Зарина Првасевда) и Александар Петров како специјална придружба на тапан, во охридското надезерско село Велестово, започнува 31-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. „Поетска ноќ во Велестово“, годинава е посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска. По пауза од една година, манифестацијата е повторно интернационална и ќе ...

Read More »

Македонија: Во Вевчани почнува Фестивалот на народна култура ,,Пображење”

Денеска во Вевчани почнува 9. по ред Фестивал за народна култура ,,Пображење” во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол” од Вевчани. Од денеска и во наредните три дена 500 уметници од различни држави ќе ја презентираат народната култура пред вевчанската публика и пред многубројните туристи и гости кои токму овие денови престојуваат во Вевчани и регионот. Фестивалот почнува вечерва во Домот ...

Read More »