Култура

Промоција на „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска

Книгоиздавателствто  „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, „Час по незадолжителна лектира“. Станува збор за прва книга за македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во оддена монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 ...

Read More »

„Кратка меморија“ – нова книга од Милица Димитријовска-Радевска

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави поетската книга „Кратка меморија“ пд поетесата Милица Димитријовска-Радевска. Како што истакнува Весна Мундишевска-Велјановска, оваа книга е мемориски регистар на складирани податоци, настани, случки, размислувања, укажувања… сместени во ќелиите на меморијата на една временска рамка која, и покрај активното темпо на збиднувањата, сѐ повеќе ја губи суштинската комплексност, и бледнее присвојувајќи еднозначни карактеристики. Во едноличноста на бинарното постоење, оваа меморија тежнее да ги заштити ...

Read More »

Нова книга од доајенот на книжевноста за деца Стојан Тарапуза во „Матица македонска“

„Матица македонска“ објави нова книга од доајенот на македонската книжевност за деца и млади, Стојан Тарапуза. Насловена „Ордени и значки“, новата книга на Тарапуза е издание што треба да го има во секој македонски дом – за повозрасните да ги наврати на јазикот на детството, преку перото на авторот со чиишто дела растеле, а на најмладите да им овозможи да растат ...

Read More »

„Стројникот“ – нов роман на Јован Дамјановски

Во издание на книгоиздавателството „Панили“ објавен е романот „Стројникот“ – новата прозна книга на писателот Јован Дамајновски. Во ова впечатливо романескно остварување, како и во неговите досега издадени романи, се препознава стилот на Дамајновски да се проникне во современиот прозен текст, но во постојана потрага по свој оригинален израз. Дамјановски одбрал тежок и трнлив пат за истражување на вистината. Тој ...

Read More »

„Матица македонска“ објави нов роман од Велко Неделковски

Книгоиздавателството „Матица македонска“ објави нов роман од истакнатиот писател Велко Неделковски, насловен „Касадеј“. Историска фикција, чие дејство се случува на каменестиот Брдокан, на овие балкански предели кои биле средиште на бурни настани. Конректната приказна за двете имагинарни царства, Трилаконците и Гилбите е епопеја за две соседни кралства над кои е надвисна опасност од нова и, се чини, неизбежна војна. Дали ...

Read More »

Нова книга на Ефтим Клетников во издание на „Матица македонска“

„Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ефтим Клетников, насловена „Misa solemnis“. Во оваа книга, Клетников е насочен кон светот на чистите идеи и се застапува за богат и повеќестрано прифатлив поетски исказ. Во „Misa solemnis“, Клетников се стреми кон радикално поместување на смислата на зборовите и остварува рефлексивна поетска мисла од необични споеви, пресврти и слики. Во ...

Read More »

Ексклузивна изложба на ракописи од 13 век меѓу нив и „За Македонците работи“ на Петков Мирисков

Ексклузивна изложба на ракописи и старопечатени книги од Националната библиотека на Македонија која досега не е прикажана во Македонија е изложена во Св. Софија во Охрид. Презентирани се оригиналните ракописи од 13, 14 и 16 век како и Тројазичниот речник од Ѓорѓија Пулевски кој годинава слави 150 години од своето издавање, како и делото на Крсте Петков Мисирков „За Македонцките ...

Read More »

Минас: Ако кај Македонците е посеан страв да го зборуваат својот јазик, тогаш еден Грк ќе го научи и ќе го зборува тој ист јазик со гордост

Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од ...

Read More »

Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата  Литаратура.мк во ...

Read More »

Објавена „Орфејска градина“ од Јован Стрезовски

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави поетската книга „Орфејска година“ од истакнатиот поет, раскажувач, романсиер, сценарист и книжевен преведувач, Јован Стрезовски. Во песните од оваа, нова поетска книга, Стрезовски, со продлабочен и концизен израз проникнува во тајните пори на животот. Низ филозофски реминисценции пее за опстојувањето, исчезнувањето и обновувањето, посебно наглсасувајќи ги дилемите за животниот круг во кој ништо не е конечно. Стиховите на ...

Read More »