Македонци – Албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св. Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2021 година. Сите сте добредојдени.

Read More »

Годинава, повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Македонско културно лето“ во Пустец

Годинава, повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Македонско културно лето“. Манифестацијата ќе се одржи во Пустец, Преспа, Република Албанија во периодот од 20 до 24 август 2021 година. Според предвидениот распоред, случувањата на манифестацијата „Македонско културно лето 2021“ ќе почнуваат во 19 часот, а ќе се одржуваат на плоштадот во Пустец. Организатор на оваа значајна манифестација е Здружението „Сонце“ – ...

Read More »

Градоначалникот на Булѓиза, Лефтер Ала остварил средба со Македонците во селото Клење, Голо Брдо

Градоначалникот на Булѓиза, Лефтер Ала остварил средба со Македонците во селото Клење, областа Голо Брдо. Со нив разговарал за проблемите што ги имат во секојдневниот живот, а особено се разговарало за маките на земјделците. Во текот на заедничката средба биле нотирани некои од најитните потреби на жителите што ги има областа Голо Брдо. Со оглед што некои од побарувањата на ...

Read More »

Мало Острени (Малестрени) Голо Брдо доби целосно реконструиран здравствен објект 

Македонците од село Мало Острени (Малестрени) Голо Брдо админстративната единица, Острени, област Голо Брдо, добија целосно реконтруиран здравствен центар, со целосно потребната апаратура и кадар. Во рамки на владиниот проект „Реконструкција на 300 здравствени центри“ извршена е целосна реконструкција и проширување на досегашната здравствена амбуланта. Тука секако и фактот што за здравјето на жителите се грижат медицински сестри. Сетрите кои се ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со честитка по повод Илинден

Честитка по повод националниот празник 2 Август – Илинден упати единствената македонска партија во Република Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Македонска алијанса за европска интеграција на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на државноста на Македонија – Илинден. Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво “Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката. ...

Read More »

Македонците од Мала Преспа го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец (ВИДЕО)

Македонците од областа Мала Преспа  го одбележаа патронот на познатиот манастир „Света Марена“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марена – Огнена Марија, по традиција во Туминец од синоќа а посебно денеска освен  жители од селата на Мала Преспа, беа и од подрачјето на Корча, како и од Ресен Струга и Прилеп.  За овој празник тука секогаш се ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во посета на редакцијата на македонски јазик во државната телевизија РТШ – Корча

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во просторите на државната телевизија РТШ – Корча оствари средба со директорот, Мухарем Меко, амбасадорот беше информиран за работата на редакцијата за македонски јазик. Притоа беше договорено да се збогати програмската понуда, по пат на понуда на телевизиски серии, филмови, едукативни емисии, како и ТВ прилози од културно – образовен карактер. Изразувајќи спремност за нивно емитување, беше побарано наш ...

Read More »

Валентин Андон, Македонец од Албанија сопственик на брендот „Активити” кој продава планински чај во Америка

Планинскиот чај од плантажите во Мала Преспа, каде рачно се одгледуваат големи површини со овој насад, веќе две години завршуваат на американскиот пазар благодарение на Валентин Андон. По потекло од Мала Преспа, каде живеат етнички Македонци, во 2019 година Андон заминува на студии по маркетинг во Чикаго. Но, трошоците за живот го принудиле да бара начин за егзистенција и подобар ...

Read More »