Македонци – Албанија

Васил Стерјовски оствари официјална средба со македонската министерка за образование и наука, Мила Царовска во Тирана 

Денеска во Тирана во просториите на Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски имаше официална средба со македонската министерка за образование и наука, Мила Царовска. На средбата се  разговараше за унапредувањето и интензивирањете на соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу Република Македонија и Република Албанија, како и за програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонското национално ...

Read More »

Работилница со учениците од Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец за подигање на свеста за семејно насилство

Денес, во рамките на проектот „Воспоставување на координиран механизам за упатување случаи на семејно насилство“, беше организирана работилница за подигање на свеста со учениците од Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец. Семејното насилство, механизмите за упатување случаи на насилство, родовата еднаквост, целосно остварување на правата на жените и зајакнување во општеството, беа некои од точките обучени за оваа активност, ...

Read More »

Општина Пустец во соработка со Проектот за прекуграничен биосферски резерват Преспа ги заврши потпорните sидови во Пустец, Туминец и Горна Горица (ФОТО)

Општина Пустец во соработка со Проектот за прекуграничен биосферски резерват – Преспа, во рамките на брзите мерки фаза 2, ги завршија работите на влезните потпорни sидови на селото Горна Горица, систематизацијата на мостот и потпорниот sид во центарот на селото. Завршени се и потпорниот sид во селото Туминец на влезот од селото и уредувањето на плоштадот во здравствениот дом, потпорниот sид ...

Read More »

Комесаријатот за заштита од дискриминација на Албанија објави видео повик на македонски јазик

Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија објави видео запис на македонски јазик, во кое се посочува каде и како може да се јави секој Македонец кој смета дека е дискриминиран врз основа на националност. Текстот на македонски јазик го кажува младата Сабина Џелили, по потекло од Голо Брдо а живее во Елбасан. Таа е член на македонското друштво “Илинден“-Тирана. ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана издаде брошура со сите резолуции изглaсани од ФУЕН по повод Светскиот ден на човековите права

По повод Светски ден на човековите права од печат излезе брошура со сите резолуции од македонското друштво „Илинден“-Тирана изглaсани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во брошурата се сместени сите досега поднесени и изгласани резолуции, и истата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик. Имајќи го во предвид фактот што оваа брошура излегува за првпат, а особено што ...

Read More »

Васил Стерјовски оствари средба со Адем Хоџа пратеник и претседател на „Единствена горанска партија“ и Хамза Балје, заменик министер за инфраструктура 

Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ оствари официјална средба во косовскиот парламент со Адем Хоџа пратеник и претседател на партијата „Единствена горанска партија“ од Гора како и со Хамза Балје, заменик – министер за инфраструктура од партијата „Единствена горанска партија“. На средбата се нагласа за заедничка соработка на Македонска алијанса за ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод празникот Свети Климент Охридски

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македоци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем хрисијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец ...

Read More »

Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз и донираа учебници за Македонците во Пустец

Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз, денес во Пустец, Албанија донираа учебници на македонски јазик за Македонците, ученици во заедничкото основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“. Донацијата од 540 книги и учебни материјали поточно комплети учебници, работни тетратки и збирки задачи по предметите Математика и Природни науки за учениците од прво до петто одделение, беше врачена од страна ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето на Албанија

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Read More »