Македонци – Албанија

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски се сретна со Комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда 

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со Комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда во просторите на Комесарот за заштита од дискриминација Комесарот Гајда го информираше Македонскиот амбасадорот Марковски за активностите на Комесарот за заштита од дискриминација за заштита на човековите права и борбата против дискриминацијата, особено со фокус на национаните малцинството во Албанија.

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод тринаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод тринаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција во посета на Општина Прилеп

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски и Потпреседателот  и администраторот на административната единица Требиште, областа Голо Брдо, Едмонд Османи на 05.02. 2022 година во просторите на Општина Прилеп оствари средба со Градоначалник на Општина Прилеп Борче Јовчески. На средба се размениа некои идеи, се разговара за идни проекти, како и за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Read More »

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на свечено отворење на “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 

Општина Тирана официјално ги отвори активностите за “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022,  на специјална церемонија со стотина млади кои ќе бидат дел од настаните на „Тирана европска младинска престолнина 2022“ беше претставена програмата и иновациите, присутни беа градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и евроамбасадорот Луиџи Сорека. Извршната директорка на Националниот младински конгрес, Дафина Пеци, на отворањето на овој настан ...

Read More »

Проф. д-р Вита Блаже Која, Македонка од Голо Брдо – борец за правата на Македонците во Албанија

Вита Блаже Која е родена на 19. 09.1957 година во селото Ѓинеец, Голо Брдо. Денес живее во Тирана и работи како универзитетски професор на Економскиот факултет во Тирана. Со оглед на нејзината посветеност, проф. д-р Која не пропушта ниту еден слободен момент за истражување и пишување за трудовиповрзани со македонската култура. Општо познато е дека таа е еден од ревносните ...

Read More »

Стерјовски: Градоначалниците на Тирана, Драч и Елбасан подготвени за поддршка на македонската заедница

Градоначалниците на Тирана, Елбасан и Драч одговорија на барањето на Васил Стерјовски, упатено до нив како тогашен пратеник во албанскиот Парламент во кој искажуваат подготовеност за поддршка на македонската заедница во нивните општини. „Како пратеник во албанското Собрание, после локалните избори што се одржаа на 30 јуни 2019 година, побарав од градоначалниците на Тирана, Елбасан и Драч поголема грижа за ...

Read More »

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс во посета на Општина Пустец

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс оствари средба со Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Коефски. За време на посетата нашироко беше разговарано со градоначалникот и општинскиот совет за досегашниот придонес и интервенциите на проектот во подобрување и зајакнување на локалната власт. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина осум години од териториалната поделба и нема просперитет за Голо Брдо и Гора

После осум години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. Во 2014 година Владата бројот на општините од 385 го намали на 61, иако опозицијата тогаш бараше нивниот број да изнесува најмалку 80! Во 2014 година Владата ги укина ...

Read More »

Македонците во Голо Брдо добија струја, сите патишта проодни

Проблемите присутни изминатите денови, што ги предизвикаа снегот и поларните температури, во областа Голо Брдо, се надминати. Сето тоа, како што велат дел од жителите, со максимална ангажираност на локаланите власти на општините каде припаѓаат, како администраторите на админстративните единици. Во сите населени места од доцна синоќа нормално е снабдувањето со електрична енергија а сите патни правци се пробиени, но ...

Read More »

Македонците во областа Голо Брдо завеани и без струја три дена

Македонците во областа Голо Брдо и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој  планински регион. По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот. Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе ...

Read More »