Македонци – Албанија

Македонски весник “Илинден” ви посакува Среќна Нова 2022 година

Македонски весник “Илинден” на сите свои читатели им посакува среќна Нова 2022 година, исполнета со спокој, слога, радости и добро здравје. Во Новата година, никој да не ви застане на патот и сите соништа да ви се остварат. Нека ви е среќна, весела и бериќетна 2022 година!

Read More »

Сеќавање: седум години од смртта на Назиф Докле 1945-2014

Назиф Докле е роден на 15 јануари 1945 година во село Борје, областа Гора, Албанија. Назиф Докле е Македонец, интелектуалец од областа Гора, борец за правата на Македонците во Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература. Назиф Докле долги години работел како учител, главен инспектор за образование ...

Read More »

Култот на Св. Јован Владимир од Дукла како симбол на мирот и толеранцијата меѓу народите на Балканот 

На 28 декември Црногорската заедница во Албанија одржа во Елбасан тркалезна маса со тема „Култот на Свети Јован Владимир од Дукла како симбол на мирот, братството и толеранцијата меѓу народите на Балканот“ во рамките на подготвителната фаза на проектот „Празнување на денот на Свети Јован Владимир од Дукла, проект кој ќе биде финализиран на 4 јуни 2022 година со отворање на изложба на фотографии од мурални ...

Read More »

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за регионот Елбасан, Елса Џелили учестуваше на тркалезна маса со тема „Култот на Св. Јован Владимир од Дукла како симбол на мирот меѓу народите на Балканот“

Црногорската заедница во Албанија денеска одржа тркалезна маса со тема „Култот на Свети Јован Владимир од Дукла како симбол на мирот, братството и толеранцијата меѓу народите на Балканот“ што се одржа во рамките на подготвителната фаза на проектот „Одбележување на денот на Св. Владимир од Дукла“ која ќе биде финализирана на 3-4 јуни 2022 година во соработка со Матица Црногорска и ...

Read More »

Реакција од Македонско друштво “Илинден”-Тирана на обидот за бугаризација на Македонците во Голо Брдо

Деновите пред новогодишните празници од страна на бугарските пропагандисти во Република Албанија, беа искористени за нов обид за барање на Бугари во селата во Голо Брдо. Имено, конзулот на бугарската Амбасада во Република Албанија делел новогодишни пакетчиња на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, област Голо Брдо. На ваквите ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција: Софија се обидува вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо”. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, го осудува однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која во пресрет на новогодишните празници им дели подароци за ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2022

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2022 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Read More »

Амбасадата на Македонија во Тирана упати честитка за новогодишни празници 

Македонскиот амбасадорот Данчо Марковски и тимот на Амбасадата на Македонија во Тирана по повод новогодишни празници упати. На сите им честитаме и ви посакуваме прекрасна новогодишни празници. – стои во честитката на Амбасадата на Македонија во Тирана.

Read More »

Федералната унија на европските националности упати честитка за Божик и Нова година 2022

Федералната унија на европските националности, се заблагодарува за сите придонеси на сите члени  оваа година ја направивме многу успешна година во рамките на ФУЕН. Ние ви посакуваме Среќен Божик и  Нова година 2022 да биде уште подобра во новата година 2022 за сите малцинства во Европа. Со нетрпение очекуваме многу возбудливи проекти и размени со вас во наредната година. На ...

Read More »