Во средата, околу 17 часот во областа Голобрдо, во близина на селото Требиште се случи тешка сообраќајна несреќа. Имено, возило во кое имало два патника, излетало од коловозот и паднало неколку метри под коловозот. На местото на несреќата животот го загубил малолетникот Ф.П., 17 години. На вториот патник Е.Т., кој се здобил со тешки повреди, укажана му е лекарска помош ...
Read More »Македонци – Албанија
Бугарија го враќа долгот кон Албанија
Проф. д-р Катерина Тодороска Дниве сме сведоци на интензивна активност на бугарските владини претставници и нивните гласноговорници во однос на фаворизирање на Република Албанија на патот кон европското семејство. Во таа насока многу гласно од нивна страна се говори за растурање на пакетот Македонија-Албанија, како држави чиј влез во ЕУ би се движел како заедничка патека. Според мене, ваквиот бугарски ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски
По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод утрешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – ...
Read More »МАЕИ: Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент, македонскиот духовен патрон и заштитник на македонскиот народ
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на сите Македонци каде и да се им го честита денешниот празник „Св. Климент Охридски“. На овој празник го славиме ликот и делото на големиот македонски просветител „Св. Климент Охридски“, кој бил еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Свети Климент бил прв словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа. ...
Read More »Преспанскиот Херој Васил Јанкула заминува на својата втора операција благодарение на Моме Кинг и Беговата Армија
Триесет годишниот Васил Јанкула, попознат како преспанскиот херој, утре заминува на втора операција во Србија, благодарение на хуманоста на неговите другари што ги запознал преку тикток. Нема кој не чул за преспанскиот херој, кој со трицикл во мај 2019 направи кружна тура од 800 километри околу државава, за една седмица, со цел да докаже дека сите сме исти, дека лицата со попреченост ...
Read More »Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во посета на Македонскиот штандот во меѓународниот саем во Тирана
Македонскиот амбасадор Данчо Марковски, придружуван од министерот- советник Сашко Ташулов и вториот секретар Блерта Сали беа на посета на Македонскиот штандот во меѓународниот саем во Тирана. Ова година за прв пат на заеднички штанд, во организација на Инвестицискиот форум на Коморите на Западен Балкан (WB6 CIF) учествуваа 31 компании од земјите од регионот, меѓу кои и македонски фирми, вчера го ...
Read More »Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана доби ИТ опрема од „Донирај компјутер“
Неколку години по ред, вниманието на македонската и светската јавност го привлекува една акција наречена „Донирај компјутер“. Тоа е самоиницијативна акција од г-динот Борче Стаменов од Кавадрци за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија. Акцијата беше започната во 2016 година и до сега има донирано 1240 компјутери на семејства низ цела Македонија. Оваа акција ...
Read More »Документарен филм 10 Лета Исусови Македонски весник “Илинден” во Тирана (1 дел)
Областа Голо Брдо снежната покривка над 30 сантиметри, повеќе села без електрична енергија
По обилните снежни врнежи Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, благодарение на ангажираноста на локалните власти не останаа завеани, но повеќе населени места се без електрична енергија, рече за МИА, Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште. Снежната покривка е над 30 сантиметри., некаде е и повисока. Засега нема проблеми околу движењето по патиштата во нашата област. Но и доколку ...
Read More »Во Пустец оддадена почит на првоборците Колефски и Ѓорѓиефски
По повод 29 ноември Денот на ослободувањето на Албанија, од наци-фашистичките окупатори, оддадена беше почит на паднатите борци од Пустец во Втората светска војна, Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиофски. На споменикот, кој се наоѓа пред зградата на локалната самоуправа, букети со свежо цвеќе положија градоначалникот Пали Колефски, лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, еден ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden