Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, упати честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, Неговото Високопреосвештенство г.г. Анастаси, по повод неговиот избор и устоличување во високата и света должност. Во честитката, Стерјовски наведува дека овој избор претставува значаен момент за православните верници од Корчанскиот округ и за целата Автокефална православна црква на Албанија. Тој изразува уверување дека ...
Read More »Македонци – Албанија
Французите заинтересирани за туристичниот потенцијал во Општина Пустец
Претставници од организациите TETRACTYS и Геомједис, поддржани од француската амбасада, денеска беа во посета на Пустец, каде имаа средба со градоначалникот Пали Колефски и претставници од секторот за туризам. “Посетата е во рамки на иницијатива за запознавање со туристичките потенцијали на југоисточниот регион на Албанија, вклучително и областа Преспа. Целта е вклучување на Преспа во туристичките промоции, со што ќе ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува убиството на судијата Астрит Калаја
Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува чинот на убиство при вршење на службената должност на судијата Астрит Калаја. Македонско друштво “Илинден“- Тирана најостро го осудува делото и авторот кој пукаше во Законот и неговиот спроведувач. Имотните и судските конфликти се решаваат преку закон, а не преку кривично самооправдување. Македонско друштво “Илинден”-Тирана изразува искрено сочувство до семејството Калаја за големата загуба ...
Read More »МАЕИ му честита на премиерот Еди Рама за повторниот избор на функцијата (ФОТО)
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама, по повод неговиот повторен избор на функцијата претседател на Советот на министри на Албанија. Во честитката, потпишана од претседателот на партијата Васил Стерјовски, се нагласува дека ова е нов мандат на доверба што граѓаните на Албанија му го дадоа на премиерот Рама да продолжи ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција со честитка до министерката Спиропали за новата функција (ФОТО)
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) испрати честитка до министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, по повод нејзиното назначување на ова високо државно место. Во писмото, потпишано од претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се наведува дека изборот на Спиропали претставува „големо признание за нејзината работа и значајна одговорност во водењето на надворешната политика и ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција го честита изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) му упати честитка на г. Нико Пелеши по повод неговиот избор на високата функција претседател наСобранието на Република Албанија. Во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се нагласува дека овој избор претставува голема доверба што претставниците на албанските граѓани му ја дале на Пелеши, како потврда за неговата посветеност во служба ...
Read More »Патот Либражд – село Себиште областа Голо Брдо поради снегот прооден само со синџири, прекини во електричната енергија во некои села
Од вчера напладне се регистрираат снежни врнежи во планинските подрачја на регионот Елбасан, по значителното опаѓање на температурите. Според Канцеларијата за цивилни вонредни ситуации во префектурата Елбасан, ситуацијата се чини дека е под контрола, но врнежите од дожд предизвикаа тешкотии во сообраќајот и прекини во електричната енергија во некои области. Се известува дека дебелината на снегот на патната оска Либражд ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција: Македонците не се монета за поткусурување со Софија
Македонска алијанса за европска интеграција со најголема решителност ги осудува срамните и агресивни обиди на Бугарија да ги асимилира Македонците во Албанија. Настанот од 26 септември 2025 година, кога во државната амбуланта во Пустец беа извршени прегледи од бугарски лекари со истакнување на бугарското знаме, е недопустлив скандал и директен атак врз македонскиот народ и државниот суверенитет на Албанија. Станува ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во написот „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“, објавен на бугарскиот интернет-портал „Буревесник.бг“. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Албанија. Во текстот директно се напаѓаат претседателот на МАЕИ, ...
Read More »Првиот снег ја разубави областа Гора
Се чини дека есента ги „заборавила“ оддалечените области на Кукс, бидејќи од топлите летни денови… ова утро ги затекна покриени со снег. Глетки што ги гледате доаѓаат од селото Шиштеец, каде што белата покривка од снег го прекрила целото подрачје. Ова е рана зима, но глетките се спектакуларни. Во меѓувреме, досега нема извештаи за значителни проблеми како резултат на врнежите, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden