Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година. Станува збор за уредување и асфалтирање на делницата од главниот пат до близина на почетната точка кон манастирот „Света Марена“, со почитување на ...
Read More »Македонци – Албанија
29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана 04.–07.06.2026 (ФОТО)
Денес во Пустец официјално ќе биде означен почетокот на туристичката сезона
Со повеќе активности што ќе се одржат на главниот плоштад „Гоце Делчев“, денес во Пустец официјално ќе биде означен почетокот на туристичката сезона. Во организација на Општина Пустец, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со природните убавини, културно-историското наследство, традициите и обичаите на Преспанскиот регион преку изложени фотоалбуми и презентации. Дел од манифестацијата ќе биде и промоцијата на традиционалната ...
Read More »Благоданица за Никола Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност
Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај. Македонците во Република Албанија од 2021 година ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на АГСМ и потпреседател на ФУЕН
Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со друштвото, му ја врачи почесната награда “Илинден“ на д-р Хартмут Лајпнер претседател на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) и потпретседател на ФУЕН и на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот ...
Read More »Стерјовски на ГС на ЕФА: Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени
Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник. Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени, рече лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на Генералното собрание на Европската ...
Read More »Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена резолуција од страна на ЕФА
Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само ...
Read More »Со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, Стерјовски ја запознал Романа Д’Антуоно, копретседател на Volt Europa
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на маргините на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), се сретна со Франческа Романа Д’Антуоно, италијанска политичарка и копретседател на Volt Europa, политичка сила застапена во Европскиот парламент. За време на средбата ја информирав за положбата и за предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија, особено ...
Read More »Васил Стерјовски ќе учествува на Генералното собрание на Европската слободна алијанса во Шпанија
Претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, од 4 до 6 јуни 2026 година ќе учествува на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), кое ќе се одржи во Гандија, Шпанија. На Генералното собрание, меѓу точките на дневниот ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена од МАЕИ за ...
Read More »Трет ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, во организација на ФУЕН и Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Третиот ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа беше посветен на запознавање со културното, верското и историското наследство на Тирана. Учесниците најпрво го посетија Националниот музеј на државната безбедност и прислушувањето „Куќа со лисја“, каде што се запознаа со еден значаен дел од поновата историја на Албанија. Во продолжение ја посетија Катедралната православна црква „Воскресение ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden