Почитувани читатели на Македонски весник “Илинден”, редакцијата на Македонски весник “Илинден”, Ви ја честита Новата 2025 година и ви посакува добро здравје, радости и успеси во наредните 365 дена. Почитувани, Ви благодараме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите случувања во државата и пошироко, ...
Read More »Македонци – Албанија
Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Нова година 2025
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Нова година 2025, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! Ви благодариме за досегашната соработка. Ви посакуваме радосни и среќни празници и среќна и успешна Нова година. – стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.
Read More »Средба на Ѓурѓај со Спахиу: Актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Албанија
Претседателот на македонското друштво “Илинден”, Никола Ѓурѓај денеска во македонската амбасада во Тирана оствари средба со Луфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор. Ми беше посебна чест и задоволство на последниот ден од годината да остварам работна средба со вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, објави Ѓурѓај на Фејсбук. Додава дека на средбата биле актуализирани прашања кои се однесуваат на ...
Read More »Новогодишни пакетчиња ги израдуваа децата во Голо Брдо
Поранешниот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко денеска го посети Требиште, областа Голо Брдо најголемо село во областа и ги израдуваа најмладите со новогодишни пакетчиња. Темелко не го крие задоволството од, како што вели, реализираната заедничка цел – да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците. Посетата имаше за цел да ги израдуваме нашите дечиња пред ...
Read More »Предавање на Максим Макарцев на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ за говорите на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и Корча
Светски признатиот филолог и дијалектолог, професорот Максим Макарцев од Универзитетот „Карл фон Осјецки“ во Олденбург, Германија одржа гостинско предавање за корчанскиот говор пред магистранките по македонистика од Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Тој говореше за своите теренски истражувања на говорите на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и Корча во Република Албанија. Неговите истражувања (од 2010 г. наваму) придонесоа и за ...
Read More »Македонската амбасада организираше новогодишна средба со Македонци од Тирана (ФОТО)
Вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу, во македонската амбасада во Тирана, организираше новогодишен прием за претставници на македонското национално малцинство кои живеат во Тирана. Во чест на македонското национално малцинство во Тирана, кое претставуваат важен дел од мултикултурната структура на градот, придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, а по повод новогодишните празници, организиравме мал но значаен прием, објави амбасадата. ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“- Тирана: Благодарност за албанскиот НИКН за прифатеното барање за реконструкција и реставрација на црквите во Ербеле и Крчишта
Македонско друштво “Илинден“- Тирана упати благодарност до Националниот институт за културно наследство на Албанија, за прифатеното барање на друштвото за целосна реконструкција и реставрација на црквите во селата Ербеле и Горно Крчишта. Ми претставува особена чест и задоволство од име на Македонците во Албанија, посебно оние во селата Ербеле и Горно Крчишта, да изразам благодарност што го прифативте нашето барање ...
Read More »Во Корча научна конференција „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“
Во четврток во Корча научна конференција „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“ Македонското друштво „Сонце“ од Корча, во соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ од истиот град и мрежата за промоција на јазичната различност од Брисел, организираат научна конференција на тема: „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“. Научнaта конференција ќе се одржи на 19 ...
Read More »По барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана почна рекострукција и реставрација на црквите во Ербеле и Горно Крчишта (ФОТО)
Албанскиот национален институт за културно наследство на Албанија, објави дека почнала реконструкција, реставрација и расчистување на просторот кај неколку верски објекти, меѓу кои и црквите „Свето Преображение“ во село Ербеле и „Свети Спас“ во село Горно Крчишта, населени со Македонци. Во округот Пешкопеа (Долни Дебар) во тек е реализација на реставраторски проекти на објекти од особено значење за зачувување и ...
Read More »Во пресрет на зимата, сиромашни семејства од Пустец добија донација од печки на дрва и ќебиња
Локалната власт на општина Пустец во соработка со хуманитарната организација Црвена полумесечина, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба. „Помошта се состои во печки на дрва, како и ќебиња. На 10 домаќинства им се доделени печки на дрва, кои ќе им помогнат во загревање на домовите во зимскиот период. Добивме и 10 пакети со ќебиња, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden