Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Пред точно 34 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и ...
Read More »Македонци – Албанија
Фото вест: Во канцеларијата на претседателот на советот на округот Корча, истакнати се знамињата на 6-те општини меѓу кои и општина Пустец
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана за почеток на новата учебна година
Со голема радост и гордост ви ја честитаме првата ваша школска година! Денес започнува едно ново и возбудливо патување исполнето со знаење, другарство и нови искуства. Нека ви бидат весели деновите во училиштето, нека ве води љубопитноста, а учителите и родителите нека ви бидат поддршка на секој чекор. Среќен почеток на учебната година! Вие сте нашата иднина и нашата гордост! ...
Read More »Македонците во Преспа го одбележаа празникот Голема Богородица по традиција во село Церје
Во селото Церје, Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и ...
Read More »Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го ...
Read More »Честитка по повод Успение на Пресвета Богородица од Македонско друштво “Илинден“-Тирана
По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско ...
Read More »Репортажа за црквите и македонците во Ербеле и Горно Крчиште (ВИДЕО)
Гонџја: Продолжуваат работите на реставрацијата на црквата Свето Преображение (ВИДЕО)
Црквата „Преображение“ во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле која датира од 11-12 век, се реставрира. Министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџја, денес изјави дека Националниот институт за културно наследство продолжува со интензивна работа на реставрацијата на црквата Свето Преображение. Тој рече дека ова е една од најстарите цркви и културни споменици во Албанија, која датира од ...
Read More »Соопштение: Седница на Советот на Општина Пустец ќе се одржи на 29 август
Седница на Советот на Општина Пустец ќе се одржи на 29 август, свикан од претседателот на Советот. Врз основа на Законот 139/2015, „За локална самоуправа“ од 17.12.2015 година, како што е изменет, член 53. „Функционирање на Советот на општината“, точки 2, 4, 5, член 56 „Претседател на Советот на општината“ точка 2 буква „а“ и во согласност со Правилникот на ...
Read More »Амбасадорот Веле Трпевски предложен за амбасадор на Македонија во Албанија
Амбасадорот Веле Трпевски предложен за амбасадор на Македонија во Албанија – иформацијата за Македoнски весник “Илинден” ја потврдуват дипломатски извори. Веле Трпевски беше Амбасадор на Македонија во Албанија, а претходно и во Австралија. Владата ја утврди назначување амбасадори на Македонија во Албанија. Листата е доставена до претседателката на државата. Моментално амбасадорот Веле Трпевски е директор на Директорат за организациони работи ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden