Македонци – Албанија

Македонска Алијанса упати честитка за 11 годишнината од основањето на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Изминаа 11 години од основањето на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, со кое заеднички неуморно и посветено се бориме за демократските права на нашите браќа и сестри Македонци во Албанија. На г-динот Никола Ѓурѓај, Претседателот на Македонското Друштво му оддавам особено признание за залагањата во заштитата на Македонскиот национален идентитет. На овогодишните добитници на награди и благодарници „Илинден“ од срце им ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира катастрофална состојба од снегот во областа Гора

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го повикува Владата, Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Гора се целосно блокирани. Сите ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана одбележа 11 години од формирањето

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, денеска одбележува единаесет години од формирањето, период во кој заедно со огранокот за Голо Брдо дале голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања во интерес на Македонците во Албанија. -Континуирано работиме на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Една од задачите на дрштвото ...

Read More »

Македонците во областа Гора целосно блокирани од снегот (ФОТО)

Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температура, општините Шиштавец и Запот во областа Гора, руралните патишта помеѓу селата во областа Гора се блокирани. Снежното невреме кое ја зафати Албанија отсече повеќе региони и остави без струја повеќе општини во северниот дел од земјата. Во областа Гора, распослани се 9 села, населени со Македонци.

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Благодарница “Илинден” и Награда “Илинден” по повод единаесетгодишнината

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод единаесетгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарницата и наградата се дава на лица за нивните особени заслуги за  ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија. ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави ратификацијата на Спогодбата за отворање македонски КИЦ во Тирана 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави ратификацијата на Спогодбата за отворање македонски културно-информативен центар во Тирана, од страна на албанскиот парламент. Со овој чин на Собранието на Албанија се реализира тридеценискиот сон на Македонците во Албанија,кои од падот на комунизмот во Албанија и воспоставувањето на плурализмот, постојано иницираше идеи за отворање на дом на културата за Македонците, стои во соопштението на ...

Read More »

Албанскиот парламент ја ратификува Спогодбата за отворање македонски културно – информативен центар во Тирана

Албанскиот парламент на денешната попладневна пленарна седница ја ратификува Спогодбата за отворање македонски културно – информативен центар во Тирана со 96 гласа „за“, 2 „против“ и 2 „воздржани“. На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и ...

Read More »

Потписите на Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack ќе бидат доставени до Европската комисија на 5-ти февруари 2020

Потписите на Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack беа регистрирани на онлајн системот на Европската комисија во петок, 10 јануари 2020 година, во среда, на 5 февруари 2020 година ќе бидат претставени пред Европската комисија во Брисел, Белгија. Координираната кампања ФУЕН започна во април 2017 година, а 1.288.385 од потписите собрани во текот на едногодишниот период се потврдена од надлежните органи на 28 земји-членки ...

Read More »

Македонците во Албанија ја одбележаа “Св.Атанаси Велики”-Танасовден 

Македонците во Албанија го прославија празникот Св.Атанаси Велики -Танасовден според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник. Во чест на “Св Атанаси Велики” -Танасовден, во Пустец, областа Мала Преспа се одржа Божствена литургија и верниците се причестија со светите тајни и го прославија празникот Св.Атанаси Велики -Танасовден.

Read More »

Намик Докле од областа Гора поранешен вицепремиер и претседател на парламентот на Албанија

Роден е на 11 март 1946 година во Драч, со потекло од село Борје, областа Гора. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство. Помеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 година е главен уредник на весникот ...

Read More »